- Sorry, this product cannot be purchased.
-
Лорен Лејн
Една од момците
од: Лорен ЛејнОпасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол обично сака типични заводнички, русокоси со облини, но сега му се буди посебен интерес за слабичката, малку дрска ривалка, па макар и само за да ја држи на око. Но наскоро сфаќа дека веќе не може да го одлепи погледот од неа.
Пенелопе Поуп многу добро знае дека сите ја сметаат само за една од момците. Таа си ја има научено лекцијата дека посакувањето обично води до разочарување, па се има помирено со тоа дека очигледно ќе мора засекогаш да си „седи на клупа“ кога станува збор за љубовта. Па зошто тогаш Кол ја тера да посака да се врати во играта?
390 ден
Моментално недостапна
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-85-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 280
Стефани – :
Значи Лорен како што знае да те опушти,никој!🤗
Лесни и интересни и се книгите за читање,плус не паметам од кога сум се смеела толку слатко.🤭🥰
Препорачувам ✅!
П.С. јас серијалот го почнав од назад на напред ,ха ха!😂🙈🤷🏻♀️
Мила – :
Уште една од книгите на Лорен во која уживав и се забавував.