• img-book

    Крис Картер

Еден по еден #5

од: Крис Картер
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.

490 ден

5 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Крис Картер
Додадена
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Ја прочитав по вторпат и повторно сум воодушевена! Просто се чудам како Картер создава волку добри книги. Имам прочитано многу книги, меѓу кои 90% се криминалистички трилери, и можам со сигурност да кажам дека Картер е еден од најдобрите во оваа област! Без сомнеж! ❤️

  2. :

    5 out of 5

    Феноменален крими-трилер, брутален и тензичен 🙂
    До самиот крај го држи вниманието и ги растреперува емоциите – Картер
    е мајстор за неизвесни и вознемирувачки приказни кои зашеметуваат!

  3. :

    5 out of 5

    Уште еден фабулозен случај на детективите Хантер и Харсија, и овојпат Картер брутално одличен.