• img-book

    Лиса Клејпас

Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)

од: Лиса Клејпас
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.

Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.

Но пред да може да почне додоворувањето, Рејф сфаќа дека мора да ги научи правилата на англиското општество. Жените во Англија се многу различни од жените во Америка и тој просто не може да ги сфати без помошта на четирите поранешни „стари моми“: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи. Но кога тие четири ќе замешаат прсти во стројништво, само еден Бог знае што може да се случи.

За маж кој е навикнат да добива сѐ што ќе посака, пронаоѓањето на вистинската невеста се покажува покомплицирано од очекуваното. Сепак, на Божиќ се случуваат најнеочекуваните нешта, па и цинизмот може да се претвори во инспиративна, страсна романса.

,,Еден незаборавен Божиќ“ ве носи на патување во викторијански Лондон, патување водено исклучиво од страстите и срцето.

390 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1964
Lisa Kleypas is a best-selling American author of historical and contemporary romance novels. In 1985, she was named Miss Massachusetts 1985 and competed in the Miss America 1986 pageant in Atlantic City.
Книги од Лиса Клејпас
За книгата
Детали

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници:

  1. :

    5 out of 5

    Емотивна приказна која ќе ви разбуди позитивни чувства и ќе ви ја покаже моќта на љубовта.
    Хана (значење на името: милост) е лик кој точно го отсликува значењето на нејзиното име. Хана е млада девојка која е придружничка на нејзината братучедка леди Натали, жената со која Рејф Боуман треба да склучи брак. Хана Еплтон е силна, храбра и љубезна девојка, но, со нежно срце. Од друга страна, Рејф Боуман е згоден, шармантен и богат, но, многу безобразен.
    “Вака им се додворуваме на девојките во Америка.Само ќе ги повлечеме и бакнеме. А ако не им се допаѓа, ги бакнуваме повторно посилно и подлабоко, се додека не се предадат.”
    Сите веруваат дека Рејф Боуман ќе се ожени со леди Натали, но, никој не очекува дека Хана може така силно да влезе под кожата на Рејф и да го натера да посакува нешто како никогаш порано.
    “Ќе направам се што е во моја моќ да го спречам вашиот брак.”
    Тој имаше моќ да и го скрши срцето на ситни, мали парчиња, но, таа имаше моќ да му докаже дека е способен за силна и трајна љубов.
    “Притисокот од оваа мала рака полна со доверба му влијаеше многу повеќе од најстрастниот допир на неговата последна љубовница.”
    Дали и покрај толку многу пречки, љубовта ќе го пронајде својот пат? Дали љубовта секогаш победува?
    Еден незаборавен Божиќ – одлична книга за совршен божиќен подарок. Дозволете да го почувствувате божиќниот дух во Лондон, низ љубовната приказна на Хана и Рејф.
    Божиќ носи неочекувани чуда!