• img-book

    Сара Адисон Ален


ISBN: 978-608-4672-31-9

Девојката која ја бркаше месечината

од: Сара Адисон Ален
4.5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш. 

button-new

380 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Sarah Addison Allen - 1971
Сара Адисон Ален е американска авторка која израснува во Ешвил, Северна Каролина и се запишува на Универзитетот на Северна Каролина во Ешвил, каде што дипломира литературата.
Книги од Сара Адисон Ален
Рецензија на уредник

Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Таа сака да знае зошто нејзината мајка го напуштила своето родно гратче така ненадејно? И зошто се заколнала дека никогаш повеќе нема да се врати таму? Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш. Брашно, јајца, млеко и шеќер… Печењето е единствениот јазик со кој гордата, но ранлива Џулија знае да комуницира и да го каже она што го носи во срцето. Но дали овој јазик е доволен за да ги повика оние кои таа ги има повредено во минатото?
Дали една торта навистина може да врати загубена љубов? Одговорите никогаш не се она што го очекувате, но во овој чуден магичен град, неочекуваното е баш она што најдобро се вклопува.

Детали

ISBN: 978-608-4672-31-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 250

  1. :

    5 out of 5

    Убавка…

  2. :

    4 out of 5

    Баш магична книга 3.5/5, само мислам дека на крајот како да ми фалеа да има уште едно-две поглавја за да биде подобар расплетот… да си ја читнете!