-
Даниел Грант
Часови по секс
од: Даниел ГрантСите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти. Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели… Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.
Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс… Но кој?
Часови по секс е едноставно, комично и директно ѕиркање во светот на машките проблеми… како машка верзија од „Дневникот на Бриџит Џоунс“
390 ден
5 на залиха
Сите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти. Зошто, што му недостига? Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели… Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.
Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс… Но кој?
Часови по секс е искрена, но исклучително забавна и смешна унисекс романтична комедија. Напишана од страна на машки автор и со маж како главен лик, ова е уникатна приказна која ќе го зароби вниманието на двата пола, а истовремено ќе ви открие како е да сте во кожата на еден маж кој се бори со еден од најчестите машки проблеми.
Часови по секс е едноставно, комично и директно ѕиркање во светот на машките проблеми, а Даниел Грант е автор без влакна на јазикот.
Часови по секс е како машка верзија од „Дневникот на Бриџит Џоунс“
ISBN: 978-608-4672-08-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 306
Milka – :
I pokraj odlicnite odcenki mene mi bese dosta dosadna. Ovekuvav mnogu poveke
elizabeta lazarovska – :
Prekrasna kniga koja izobiluva so humor. lesna za citanje. toplo ja preporacuvam
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Значи се пресмеав,одлична книга!🤗🤣
Одамна не сум читала толку забавна и смешна приказна,препорачувам!👌
Мила – :
Забавно ми беше да читам книга од овој жанр напишана од машки автор.
Александар Николовски – :
Треба да ја препечатите книгава, супер забавна е…