• img-book

    Паулина Сајмонс


ISBN: 978-608-260-116-8

Бронзениот коњаник I: Ленинград

од: Паулина Сајмонс
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Златните неба и прозрачните квечерини на белите ноќи и понатаму го чуваат сјајот на минатото. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му пркосат на општото сивило на Ленинград. Војната сѐ уште не е стигната до овој прекрасен град, ниту до животите на двете сестри, Татјана и Даша, кои делат една собичка во преполн стан со нивниот брат и нивните родители. Нивниот свет се превртува наопаку кога армијата на Хитлер ја напаѓа Русија.

Но има и светлина среде целата темнина. Татјана го запознава Александар, храбар млад офицер во Црвената Армија. Тој ја привлекува со својата сила и самодоверба, со својата резервираност и мистериозност – а и таа го привлекува него. Но таа не знае дека токму тој е избраникот на нејзината сестра Даша, па Татјана се заљубува во него. Пламенот на забранетата љубов бликнува со незадржлива сила, непоколебливо спротивставувајќи се на сестринската верност и лојалност.

Набрзо, нивниот град паѓа во канџите на гладот, очајот и стравот за време на ужасната зима под безмилосната германска опсада и Александар станува нивната единствена надеж за спас. Но Александар има тајна која внимателно ја штити – тајна разорна речиси колку самата војна. Во време кога секој ден е потполно неизвесен, Александар и Татјана градат свој свет од украдени моменти, скриени погледи и прошепотени нежности. И додека околу нив се испишуваат најважните страници од руската историја, двајца млади се борат за својата љубов, бидејќи само таа може да им донесе спас.

500 ден

8 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1963
Сајмонс е американска писателка со руско потекло; таа сонувала да стане писателка уште како дете во Ленинград. На десетгодишна возраст, се селат со своето семејство во Соединетите Држави, каде и во моментов живее со нејзиниот втор сопруг, Кевин Рајан и имаат четири деца.  
Книги од Паулина Сајмонс
Додадена
За книгата

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Прекрасна книга која никј не оставарамнодушен. Едвај чекам да го имам и вториот дел

  2. :

    5 out of 5

    Ова е книга која не се заборава. Книга која нѐ учи за болката и колку таа ни е потребна, нераскинливата љубов кон семејството, лојалноста, жртвувањето и храброста. Ја читав со грутка во грлото, тага и запрепастеност. Преубава, прекрасна, едноставно совршена. ❤️