• img-book

    Колин Хувер


ISBN: 978-608-260-038-3

Без каење

од: Колин Хувер
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Морган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно школо и целиот нејзин живот е една мирна, предвидлива и малку монотона песна. Таа и нејзината шеснаесетгодишна ќерка Клара се страшно различни и не ни сакаат да бидат слични. Морган, како и секоја мајка на тинејџерка, сака да се погрижи нејзината ќерка да не ги направи истите грешки што ги направила таа кога прерано останала трудна и морала да си ги стави на пауза сите соништа. Но Клара не сака да тргне по чекорите на мајка си. Таа дури и ја презира мајка си бидејќи смета дека не знае што е тоа спонтаност, дека е страшно здодевна.

Единствената личност која може да внесе малку мир во нивните животи е Крис – сопругот на Морган и татко на Клара, кој всушност е сидрото на семејството. Но мирот наеднаш го снемува кога Крис доживува трагична (и сомнителна) сообраќајна несреќа. Јазот помеѓу мајката и ќерката дополнително се зголемува кога почнуваат да се трупаат тајни, болни откритија, недоразбирања и нова љубов. Се чини дека тие две никогаш веќе нема да најдат пат една до друга…

button-new

440 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Colleen Hoover - 1979
Колин Хувер е бр.1 најпродаван автор според Њујорк тајмс и воедно авторка на единаесет романи и пет новели. Хувер главно пишува книги кои спаѓаат во категорија книги за млади, а својата прва книга „Само пријатели“ ја објави во јануари 2012 година.
Книги од Колин Хувер
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-038-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 400

  1. :

    5 out of 5

    “Некогаш мора да се откажеш од борбата за да победиш.”

    Морган има прекрасно момче со кого се гледа повеќе од една година. Крис е смешен, привлечен и има цели во животот. Една непромислена грешка ќе успее да ги смени нивните животи.

    Џени е сестра на Морган, таа е заедно со Џона, кој му е најдобар другар на Крис. Крис и Џени се центар на внимание на секоја забава, додека пак, Џона и Морган се незабележливите асистенти.

    “Се прашувам дали луѓето се едонствените живи суштества кои понекогаш се чувствуваат празно однатре.”

    Морган на многу млади години ја има родено својата ќерка Клара, поради тоа се има омажено и со првото момче од средно школо. Како и секој родител на тинејџер,  така и Морган сака да ја воспита својата ќерка на најдобар начин, да и ги посочи грешките кои таа ги направила на нејзина возраст, за нејзината ќерка да не ги направи истите грешки.

    Единствениот лик кој внесува мир и спокој помеѓу мајката и ќерката е Крис, таткото на Клара и сопругот на Морган.

    Кога Крис доживува собраќајна несреќа, за миг исчезнува се…

    По собраќајната несреќа Морган и Џона откриваат многу тајни.  Болните откритија, недоразбирањата и новата љубов се дел од работите кои ќе ги оддалечат Клара и Морган.

    Преубава емотивна книга, во која на моменти се нервирав со Морган, го засакав ликот на Клара и се воодушевував на нејзината храброст. Можам да кажам дека ми е една од омилените книги од Хувер.

  2. :

    5 out of 5

    Прекрасна романтична драма, со елементи на добар хумор! Одлична е 🙂

  3. :

    5 out of 5

    Преубава емотивна книга, во која на моменти се нервирав со Морган, го засакав ликот на Клара и се воодушевував на нејзината храброст. Можам да кажам дека ми е една од омилените книги од Хувер.