-
Лиса Вингејт
Песната на речните птици
од: Лиса ВингејтКнигата е базирана на вистинска приказна за еден од најморничавите светски скандали во кој директорка на здружение на сиропиталишта киднапирала и продавала сиромашни деца на богати семејства низ цела Америка.
Мемфис, 1939. Дванаесетгодишната Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче имаат прекрасен живот на нивниот семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Но една вечер, за време на страшна бура, кога татко им мора да ја однесе нивната мајка во болница и ја оставаат Рил како најголема да ги чува помалите деца, одеднаш се појавуваат непознати луѓе. Децата од семејството Фос се нагло и злобно оттргнати од сè што им е познато и завршуваат во сиропиталиште. Иако таму ги уверуваат дека наскоро ќе бидат вратени кај нивните родители, тие набрзо ја сфаќаат мрачната вистина. Соочена со злобата на директорката на институцијата, Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени.
Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е родена во богато и привилегирано семејство, па има сè што може да посака: успешна кариера како обвинител, згоден вереник и раскошна свадба на повидок. Но кога Ејвери се враќа дома за да му помогне на татко ѝ во здравствена криза, една случајна средба ѝ буди рој прашања и ја тера да започне патување низ долго криеното минато на нејзиното семејство.
Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме.
450 ден
Моментално недостапна
ISBN: 978-608-260-009-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 395
Изабела Велковска – :
“Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме.”
Книга базирана на вистинска приказна. Директорка на сиропиталиште киднапира деца, каде подоцна ги продава на богати семејства низ Америка.
“За стотиците кои исчезнаа
и за илјадниците кои не исчезнаа. Нека не се заборават
вашите приказни.”
Во Мемфис, 1939 година, Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче живеат во семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Една вечер, за време на страшна бура, нивниот татко мора да ја однесе мајка им во болница, во тој момент ја оставаат Рил да ги чува своите сестри и братче. По некое време се појавуваат непознати луѓе, ги земаат децата од нивната куќа, каде подоцна завршуваат во сиропиталиште.
Тие секојдневно веруваат дека еден ден нивните родители ќе се вратат по нив, но за многу кратко време ја сфаќаат суровата реалност. Директорката ги менува имињата на секое од децата. Подоцна почнува и да ги дели по различни семејства, иако Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени, таа не успева во тоа…
Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е потекнува од богато семејство, има успешна кариера како обвинител, вереник и треба да прави свадба за краток период. Една случајна средба, губењето на својата значајна алка, која и е наследство од баба и и буди многу неодговорени прашања.
Ејвери започнува да копа по минатото на нејзиното семејство, откривајќи многу длабоки тајни поврзани со нејзината баба. Кога сфаќа дека баба и не е способна да и одговори на прашањата започнува патување низ долгото минато на нејзиното семејство.
“Дали би го сменила правецот на нашите животи да можев?”
Емотивна и мрачна приказна, која на моменти ме изненади, запрепасти и едноставно се соживеав со неа. Бев воодушевена од храброста на децата и одлучноста на Ејвери за да го открие своето минато. Чувствував тага, бидејќи невини деца биле третирани како потенцијална заработка, а воедно и гнев кон директорката, која бесчуствително ги отргнувала децата од своите семејства.
Изабела Велковска – :
“Дали би го сменила правецот на нашите животи да можев?”
Емотивна и мрачна приказна, која на моменти ме изненади, запрепасти и едноставно се соживеав со неа. Бев воодушевена од храброста на децата и одлучноста на Ејвери за да го открие своето минато. Чувствував тага, бидејќи невини деца биле третирани како потенцијална заработка, а воедно и гнев кон директорката, која бесчуствително ги отргнувала децата од своите семејства.
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Многу емотивна приказна,се ежев додека ја читав.Посебно ми се допадна тоа што е базирана според вистински случувања.😊🥰
Овој тип на жанр не ми е омилен,но книгава вреди да се прочита.🤗
Препорачувам!🍀
Слаѓан – :
Преубава приказна со многу сликовити настани, вреди да се прочита – препорачувам 🙂