• img-book

    Олга М.Петкова

Ателјето на Монмартр

од: Олга М.Петкова

Младата и убава Русинка, Наталија, го напушта својот роден Санкт-Петербург и заминува на студии по француска литература во Париз.

Воспитана во патријархален и конзервативен дух, Наталија тешко се соочува со францускиот либерализам, кој иако неодоливо примамлив, може да биде тежок и опасен за оној, кој не е навикнат на него. Духот на француската слобода ќе ја вплетка убавата Наталија во деликатни односи со средовечниот Пјер.

Барајќи излез од својата душевна агонија, таа се вљубува во талентираниот сликар Андре, кој ќе ѝ ја покаже величественоста на вистинската љубов и ќе и ги отвори грандиозните порти на француската уметност.

Нивниот живот, воден од филозофијата на Сартр и хранет од љубовта и уметноста, ќе ја доведе Наталија до присилно раскинување на сите врски со нејзиното семејство. Таа ќе мора да избере меѓу искрената љубов и животот во богатство.

Дали богатството може да ја замени љубовта?

Дали убавината на една жена има своја цена?

390 ден

Количина:
Додадена
Запознајте се со авторот
avatar-author
1989
Олга М. Петкова е македонска авторка, родена во Скопје. Во 2014 година магистира на Виенскиот Државен Универзитет. Од 2016 живее со своето семејство во Љубљана. „Ателјето на Монмартр“ е нејзиното литературно деби, кое го објавува во 2019 година.
Книги од Олга М.Петкова
Додадена
За книгата

“Ателјето на Монмартр”

Уште нема коментари за овој производ.