-
Олга М.Петкова
Ателјето на Монмартр
од: Олга М.ПетковаМладата и убава Русинка, Наталија, го напушта својот роден Санкт-Петербург и заминува на студии по француска литература во Париз.
Воспитана во патријархален и конзервативен дух, Наталија тешко се соочува со францускиот либерализам, кој иако неодоливо примамлив, може да биде тежок и опасен за оној, кој не е навикнат на него. Духот на француската слобода ќе ја вплетка убавата Наталија во деликатни односи со средовечниот Пјер.
Барајќи излез од својата душевна агонија, таа се вљубува во талентираниот сликар Андре, кој ќе ѝ ја покаже величественоста на вистинската љубов и ќе и ги отвори грандиозните порти на француската уметност.
Нивниот живот, воден од филозофијата на Сартр и хранет од љубовта и уметноста, ќе ја доведе Наталија до присилно раскинување на сите врски со нејзиното семејство. Таа ќе мора да избере меѓу искрената љубов и животот во богатство.
Дали богатството може да ја замени љубовта?
Дали убавината на една жена има своја цена?
390 ден
Уште нема коментари за овој производ.