-
Колин Хувер
9 Ноември
од: Колин Хувер„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не е љубовна приказна. Ако ме прашате мене… би рекол дека ова може да се смета дури и за трагедија. Што и да е – како и да завршува – ветив дека ќе ја раскажам. Па, без понатамошни одложувања.
Еднаш, многу одамна… запознав една девојка.
ВИСТИНСКАТА девојка.“
Фалон го запознава Бен, иден писател, дента пред да се пресели на другиот крај од земјата. Хемијата меѓу нив ги тера да го поминат тој нејзин последен ден во Л.А. заедно и нејзиниот драматичен живот станува креативната инспирација за книга што Бен отсекогаш ја барал. Со текот на годините и низ нивните разни врски и турбуленции во нивните одвоени животи, тие продолжуваат да се сретнуваат на истиот датум секоја година.
Но Фалон еден ден станува несигурна дали Бен и ја кажува вистината или само смислува совршена реалност за да напише уникатна и профитабилна книга.
380 ден
„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не е љубовна приказна. Ако ме прашате мене… би рекол дека ова може да се смета дури и за трагедија. Што и да е – како и да завршува – ветив дека ќе ја раскажам. Па, без понатамошни одложувања.
Еднаш, многу одамна… запознав една девојка.
ВИСТИНСКАТА девојка.“
Фалон го запознава Бен, иден писател, дента пред да се пресели на другиот крај од земјата. Хемијата меѓу нив ги тера да го поминат тој нејзин последен ден во Л.А. заедно и нејзиниот драматичен живот станува креативната инспирација за книга што Бен отсекогаш ја барал. Со текот на годините и низ нивните разни врски и турбуленции во нивните одвоени животи, тие продолжуваат да се сретнуваат на истиот датум секоја година.
Но Фалон еден ден станува несигурна дали Бен и ја кажува вистината или само смислува совршена реалност за да напише уникатна и профитабилна книга.
ISBN: 978-608-4672-60-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 330
Денис – :
Иако не сум голем љубител на романси , книгава не се испушта од раце ❤
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Книгиште,не се испушта оваа книга од раце❣
Ептен ми се допадна приказната,омилена ќе ми биде од Хувер.🥰 Значи за нецели 3-4 часа ја прочитав,ми направи бум од емоции!
Препорачувам,сите што ја немате да си ја земете,книгава мора да се има во домашната библиотека❣
sani4jc – :
Прекрасна книга што држи и чувства и внимание до самиот крај! Топло ја препорачувам 🙂
Александар Николовски (го има купено овој производ од сајтот) – :
Од досега преведените книги од Хувер, за мене оваа е најдобрата 4.3/5
Слаѓан Бишковски – :
Емотивна приказна, длабоки чувства, ликовите се како реални. Колин Хувер уште еднаш га покажува својот убедлив стил и создава незаборавни ликови. Фантастично дело 🙂