• img-book

    Линда Кастиљо


ISBN: 978-608-260-065-9

Заколната на молк

од: Линда Кастиљо
5 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени…

Во едно мало, мирно рурално гратче во Охајо, Амишите и останатите жители живееле сложно два века. Но пред шеснаесет години, серија брутални убиства го уништиле мирот во спокојната фармерска заедница. По злосторствата, во градот владее немир, има некоја ранливост и невиноста е засекогаш изгубена. Кејт Бркхолдер, млада Амишка, го преживеала теророт на Убиецот од кланицата, но како последица од бруталноста, сфатила дека таа веќе не припаѓа со Амишите.

Сега, многу поискусна, Кејт ја бараат да се врати во градот како началничка. Нејзините амишки корени и искуството во полицијата во голем град ја прават совршен кандидат. Таа е сигурна дека веќе се има помирено со минатото – сè до пронаоѓањето на првото тело во едно снежно поле. Кејт се заколнува дека ќе го фати убиецот пред да нападне повторно. Но за да го стори тоа, мора да го предаде своето семејство и своето амишко потекло – и да разоткрие една мрачна тајна што би можела да ја уништи.

490 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1960
Linda Castillo is an American author of novels including the New York Times bestselling Kate Burkholder series, which are a crime thrillers set in Amish country.
Книги од Линда Кастиљо
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-065-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 440

  1. :

    5 out of 5

    Ја прочитав оваа 2022 година, и се прашувам што сум чекала до сега. Одлична книга, трилер на место, доста реално опишувано, и приказната.. Леле значи навистина убаво скроена, ја замислувам во филмска верзија.

  2. :

    5 out of 5

    Одлична! Оваков стил барам и во другите автори

  3. :

    5 out of 5

    Ќе ја паметам како една од најдобрите книги што сум ги прочитала. Напишана со многу реалистичен стил и од почеток до крај го задржа целото мое внимание.

  4. :

    5 out of 5

    Еден од најдобрите прочитани трилери за оваа година – брутален и вознемирувачки.
    Ликовите на Кејт и Џон се одлично претставени! Се очекуваат уште преводи од Кастиљо 🙂

  5. :

    5 out of 5

    Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени …
    Дејството се одвива во мало, мирно рурално гратче во Охајо каде Амишите и другите жители живеат спокојно. Но таа спокојност е разнишана од серија брутални убиства пред 16 години , а сагата се повторува и сега. Низата убиства на млади девојки убиени на ист начин како и порано водат до заклучок дека делата ги сторил истиот извршител . Но дали е тоа можно? Сите веруваат дека е пак тој ,,Убиецот од кланицата” , но само Кејт (началничка и бивш Амиш) знае дека тоа е невозможно. Сака да ја потврди таа теза,па копа во минатото кое скоро е целосно заборавено , но не и преболено. Насекаде ја следат нејзините демони и мрачните тајни од минатото. Време е повторно да се соочи со нив колку и тоа да е тешко за неа и нејзиното Амишко семејство, од кое одамна е откажана бидејќи не се пронаоѓа во таквиот покорен начин на живот. Нејзините амбиции се преголеми. Но дали се доволни овојпат да го фати злосторникот и да запре уште едно убиство ?
    Книгата лично многу ми се допадна. Запознав една нова култура – културата на Амишите и нивниот начин на живот. Од Кејт научив дека во ред е секој да чекори по својот пат , безразлика дали тоа му се допаѓа на другите околу нас. Дејствата на извршителот се опишани до најмал детаљ , па доколку имате осетлив стомак немојте да ја читате 🤭 Но тоа е и суштината на трилерите, да не размрдаат, да не згрозат. Ја препорачувам на сите кои сакаат трилери и уживаат во нив исто како и јас. Од мене 5 ⭐⭐⭐⭐⭐ !! ❤😇😍

  6. :

    5 out of 5

    Една од моите омилени за годинава!
    Тоолку убав стил на пишување и приказна која, покрај бруталноста, дава надеж. Од срце ја препорачувам на љубителите на крими-трилери! 💙