-
Лиса Клејпас
Јужњакот со сини очи (Тревис #2)
од: Лиса КлејпасЗапознајте го јужњакот со сини очи: Неговото име е Харди Кејтс. Тој е успешен милионер, кој всушност доаѓа од лошата страна на градот. Има стекнато непријатели колку ти душа сака во неговото тешко патешествие кон врвот на нафтената индустрија. Низ неговите вени тече врела крв. А на неговиот ум има само одмазда.
Запознајте ја богатата наследничка: Се вика Хејвен Тревис. И покрај парите на нејзиното семејство, таа одбива да го следи патот што тие го трасираат за неа. Но кога Хејвен се мажи за човек кој нејзиното семејство не го одобрува, нејзиниот живот тргнува во нов и опасен правец. Две години подоцна, Хејвен се враќа дома, решена да си го чува срцето по цена на животот. А Харди Кејтс, семеен непријател, дефинитивно е човек од кој треба да се држи што подалеку.
Но судбината има друга замисла…
Книга исполнета со препознатливата сензуалност на Лиса Клејпас, со ликови кои не можете да не ги сакате, со занесно раскажување на секој магичен збор…
420 ден
ISBN: 978-608-260-064-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници:
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Го обожувам секој збор напишан во книгава. Одамна не сум прочитала олку добра романса. Се чувствував како да имам седиште од прв ред додека читав. A, Xaрди Кејтс е првиот лик што ми предизвикал пеперутки во стомакот. Прекрасна!
Слаѓан – :
Одлична романса, стилот на пишување е прекрасен и сликовит
Beti – :
Super 🙂 So netrpenie gi cekam ostanatite od serijalot
Изабела – :
Многу емотивна приказна, која нема да ве остави рамнодушни. Приказна за животите на Хејвен и Харди, за нивното минато, сегашноста и иднината. Иако нивниот живот е далеку од совршен, нивната судбина има друга замисла. Ова е приказна која ќе ви докаже и покаже, колку далеку може да стигне една личност, жртвувајќи се за љубовта, по цена и за својот живот.
“Почнав да верувам дека малку пати во животот, ако имаш среќа, ќе сретнеш некој кој е совршено соодветен за тебе. Не бидејќи е совршен, или бидејќи ти си, туку бидејќи сите ваши недостатоци се подредени на таков начин што дозволуваат две одделни суштества да се врзат едно за друго.” 💔❤