View Cart “Црковен живот за почетници” has been added to your cart.
  • img-book

Христос, нашиот небесен лекар

За болеста и исцелението во Православното предание

Оваа книга е насушно потребна, посебно за денешниот христијанин, бидејќи нашиот пат денеска е патот на страдањето и трпењето на болестите, а според зборовите и пророштвата на светите отци, Бог во ова наше време ги одзел подвизите какви што ги имале нашите претходници, и монасите и христијаните во светот и спасоносниот пат којшто Бог ни го дал денес е кроткото трпење на страдањата, болестите, неволјите и искушенијата.

Значи, во оваа книга ,,Христос нашиот небесен лекар“ , којашто е зборник во којшто има објаснувања, пред сè почнуваме со поуките од светите отци за смислата на страдањата во христијанскиот живот, за христијанскиот однос кон страдањата, а потоа и поуки од светите отци за поднесувањето на болестите. Луѓето денеска најчесто роптаат и се жалат на сè :

-Зошто Господ ме казни, зошто ова ми се случува…,- или честопати ќе дојдат некои и ќе речат:

-Оче што да направам, да ми прочиташ молитва или нешто друго, зашто сè ми оди лошо во животот, ми се случуваат несреќи…, – или како што луѓето кажуваат ,,ме тера баксуз”.

Значи, за христијаните нема несреќни денови, сè треба да примаме како од раката Божја, значи сè она што се случува со нас е апсолутно по волја Божја или по допуштение Божјо.

„И влакната на главата ви се избројани” – вели св.апостол Павле. Ниту едно влакно од главата не можеме да го направиме ниту бело ниту црно и затоа ни е потребна оваа книга пред сè по сведоштвата на оние кои што ја прочитаа, оние кои што боледуваат или страдаат од болест или друго, за голема наша духовна поткрепа и оправдување на нашиот труд, дека во многу им помогнала да се соочат вистински со болестите, со тешкотиите и со искушенијата и да почнат повеќе да Му благодарат на Бога. Бидејќи во книгата светите отци спомнуваат дека подвигот на трпење на болеста со благодарност кон Бога е подвиг кој што тие го ставаат и над пустинскиот живот и над мачеништвото.

Тука имаме поуки од светиот Теофан Затворник, од преподобниот Макариј Оптински, св. Игнатиј Брјанчанинов, преподобен Амвросиј Оптински, од старецот Ефрем Филотејски, потоа од свештеникот Михаил Туханов за болеста како последица на гревовите, за страдањето од архим. Јован Крестјанкин, од протојереј Димитар Смирнов за подготвеноста за страдање, тука се поуките и проповедите на архим.Рафаел Карелин за гневот Божји, за трпењето на болестите од архим.Кирил Павлов, тука е и една мала книга вметната од протојереј Сергеј Филимонов,

,,Како да му се помогне на болниот“.

Значи, сè она што треба да го знаеме , а што сме го заборавиле, книга која што треба да им помогне и на верните , но и на лекарите како да се соочат со болеста, како на болниот да му помогнат да се соочи , да се исцели од болеста, пред сè со утешни зборови, со вистински однос кон него, од престојот во болница, до искушенијата кои што се случуваат во однос лекувањето, во однос на дијагнозите, операциите, исповед во болницата и сè друго, за духовните болести , за симптомите на духовното заболување. Сè повеќе денес луѓето страдаат од духовни болести. За жал. Како што тука во книгата вели јеромонах Анатолиј Белестов, кој е и монах и лекар, порано во Русија лекарите во болниците точно знаеле кога човекот боледува од некоја духовна болест и никој пат не пристапувале кон лекување додека претходно не барале од него да се исповеда, да се причести, па дури тогаш пристапувале кон телесно лекување. И уште една интересна информација. Тој кажува дека во здравствениот картон или историја на болеста, кои и денес ги има закачени на креветот, порано во Русија на тој картон имало ставка во која се запишувало кога болниот последен пат се причестил. Значи сето тоа е изгубено, сето тоа е пратено во заборав сега. Има потешкотии, некаде успеваме да се потрудиме да има причест. И јас имав искуство неколку пати за причест на болните во државна болница на клиниките. Значи, сепак попушта малку тој однос на државата и на лекарите во однос на верата, во однос на свештеникот, во однос на исповедта , на причестувањето. Така што, се надевам, тоа сè повеќе и повеќе ќе се шири како пракса.”

250 ден

Моментално недостапна

За книгата

“Христос, нашиот небесен лекар”

Уште нема коментари за овој производ.