- You cannot add "Алекс" to the cart because the product is out of stock.
Хари Потер и и затвореникот од Азкабан
Уште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!
„Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
700 ден
1 на залиха
-
4.56 out of 5Ејми ја нема од: Џилијан Флин
Бракот може да биде вистински убиец…
Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник, сопруг на годината, не изгледа воопшто загрижено и исплашено за исчезнувањето на неговата сакана жена, но добро, секој што ќе го прочита нејзиниот дневник ќе открие дека алфа девојката перфекциониста би можела да извади од кожа секого. Додека целиот град ја жали и оплакува прекрасната исчезната девојка, нејзиниот сопруг презентира несоодветно однесување и бескрајна низа лаги и измами. Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?
Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
-
4.89 out of 5Скриена во најмрачниот агол од: Елизабет Хејнс
Скриена во најмрачниот агол создаде илјадници обожаватели ширум светот, однесе неколку поважни награди и заслужено доби превод во 32 земји. Што е она што ги маѓепса читателите на оваа книга?
Пред четири години…
Кетрин Бејли премногу долго ужива во животот како слободна девојка за да може да препознае добар тип кој вреди да се задржи за конечно да се почне нешто сериозно. Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. А нејзините пријателки очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство.После четири години…
Ли е зад решетки, а Кетрин – сега Кети – опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Но кога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ… до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор. До денот кога почнува да наоѓа преместени предмети низ својот стан… еден од старите трикови на Ли. Уверена дека тој е вратен, Кети се подготвува овој пат да се бори со демоните од своето минато.Делумно драма, делумно романса, делумно морничав, опсесивен трилер – оваа книга ќе ви зададе тешка задача доколку сакате да ја оставите сред читање. Иако почнуваме да ја читаме со прилично добра претстава за тоа што се случува според описот на задната корица, книгата паралелно раскажува за двете времиња: пред четири години и после четири години и ве влече да дознаете што се случувало во секој Божји ден. Ли е шармантен и прекрасен, дури и читателите се вљубуваат во него, дали има шанси тој навистина да е така агресивен и посесивен како што се очекува или можеби Кетрин е онаа која го губи умот поради траумите во животот и навистина не заслужува човек да ѝ верува.
Kнигата е голема, околу 430 страници, но нема да ви биде здодевно, ќе прелетате низ страниците и нема да бидете разочарани на крајот. Како што вели авторката на прашањата на крајот од оваа книга, ликовите продолжуваат да живеат и после книгата, само што читателите повеќе не се во можност да ѕиркаат во нивните животи…
Па, оваа книга е MUST READ за 2012 година!
-
4.8 out of 5Фатални желби од: Бруклин Хадсон
Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар. Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.
Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар. Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина.
Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…
За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.
-
4.71 out of 5Мали црни лаги од: Шерон Болтон
Многу одамна немав седнато да напишам рецензија за книга затоа што воопшто немам време и многу ми е жал – искрено ми недостига пишувањето рецензии – но следејќи ја индиректно продажбата на одредени наслови, забележав едно големо несогласување и се замислив. Имено, забележав дека еден од моите омилени трилери во изминатите неколку години, се продава океј, но не се продава ТОЛКУ колку што очекував, а повеќе се продаваат други книги кои мене лично не ми се ни на приближно исто ниво. И не се работи воопшто за продажбата, книгите вака или онака ќе се продадат, туку се работи за тоа дека во денешно време страшно тешко се наоѓа ОДЛИЧНА книга, особено кога си толку пребирлив читател како јас, па кога ќе пронајдам нешто олку добро, јас сакам да го споделам со сите и сакам приказната да ја прочитаат сите, па на крајот да можеме и меѓусебно да си коментираме и да дискутираме и да анализираме.
Па тоа ме натера да одвојам малку време и да ви кажам нешто повеќе за книгава…
Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Но книгата почнува со раскажување од гледна точка на Кетрин и одеднаш сфаќаме дека таа го планира убиството на нејзината најдобра пријателка. Зошто? Затоа што Рејчел, во еден краток момент на невнимание, има направено фатална грешка што резултирала со смрт на двете синчиња на Кетрин и таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè. Рејчел патем си живее убав живот со нејзиниот сопруг и нејзините две деца. Но не знаеме како ѝ е нејзе сè додека не стигнеме до третиот дел од приказната кој го раскажува токму таа.
Дејствието се одвива на Фолкландските Острови, кои се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии? Патем, страшно беше интересно да се чита за Фолкландските Острови. Кетрин нурка и работи со морскиот свет, а мене ова ми беше првпат да читам за тие работи во книга и дознав многу интересни информации. Има еден особен трогателен дел со насукување на китови каде што е објаснето зошто и како китовите се насукуваат и умираат во огромни бројки. Но да се навратиме на сериските исчезнувања на децата… Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг… Навистина нема да погодите сè до последната страница. Крајот беше спакуван во неколку огромни изненадувања за мене. Дознаваме кој ги киднапира децата, дознаваме како Рејчел ја направила грешката што ја направила за да починат синовите на Кетрин, дознаваме што се случува со последното, најважното, исчезнато дете и дознаваме зошто Кетрин и самата носи вина за смртта на нејзините деца. Значи ова не е еден од оние крвави, хард кор трилери како Девојката Врана или Алекс; ова е целосна приказна каде што има сè: заплет, пресврти, емоции, човечки односи, неизвесност…
Она што посебно ми се допадна во оваа книга беше тоа што низ целата трилер приказна имаше и некоја љубовна нишка затоа што има и трет машки лик кој има значајно минато со Кетрин и сега повторно е тука во целата истрага. Имам прочитано четири или пет книги од Шерон Болтон, но оваа ми е УБЕДЛИВО најдобра. Болтон за мене е нов мајстор за трилери. Ви ја препорачувам од срце и едвај чекам да си размениме некој коментар за приказната!
Уште нема коментари за овој производ.