• img-book

Харемот на Гадафи

Сораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.

Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.

И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.

Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Таа е претседател на комисијата за Prix Albert Londres, а и самата е добитник на истата награда во 1996 година. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Муарем Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии. Книгата е од неодамна преведена и на арапски – можеби еден мал зрак надеж за многуте познати и непознати Сораи чиј глас досега не допрел до развиениот свет.

300 ден

Моментално недостапна

За книгата

“Харемот на Гадафи”

Уште нема коментари за овој производ.