• img-book

MKD

Теса од Д’урбервилови

Теса од Д’Урбервилови на Томас Харди е едно од најголемите трагични дела на викторијанската литература. Романот ја раскажува приказната за Теса, сиромашна жена чии претходни љубовни врски и неуспеси доведуваат до тоа да биде оставена од нејзиниот маж на нивната венчална ноќ. Бидејќи се занимава со прашања поврзани со класата, религијата, половите и сексуалноста, во времето на своето појавување романот бил исклучително контроверзен. Денес е популарен како кај обичните читатели, така и кај критичарите и историчарите на литературата. „За Харди романот е средство за создавање вистински, па дури и сурови и груби претстави за животите на мажите и жените… Во секоја негова книга три-четири ликови преовладуваат, и стојат како водачи што ја привлекуваат силата на другите елементи… Накусо, никој не може да ја негира силата на Харди – вистинската романсиерска сила – да нѐ убеди дека неговите ликови се живи суштества прогонувани од своите страсти и особености, додека истовремено поседуваат – а во тоа се состои талентот на писателот – нешто симболичко што е заедничко за сите нас.“

Вирџинија Вулф

350 ден

1 на залиха

Количина:
За книгата

“Теса од Д’урбервилови”

Уште нема коментари за овој производ.