• img-book

Category:

Солзите на Афродита

5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Во најновиот роман на Хана Филдинг, млада жена- археолог патува на далечниот остров Хелиос, каде што се заплеткува во мрежата на мрачна опсесија, таинственост и на заведување.
Во античка Грција, една од дванаесетте мачни задачи на Херкул била да го врати златното јаболко од Градината на хесперидите. Тоа што добива можност да стане дел од тимот грчки нуркачи на островот Хелиос, на археологот Ориел Андерсон ѝ се чини како да го освоила златното јаболко на нејзините сништа.
Но, нејзиниот сон се претвора во кошмар кога наидува на Дамјан Теодоракис, човек со ѓаволски карактер и сопственик на островот: во шокот од препознавањето, ја преплавува сеќавање на една романтична ноќ што шест месеци претходно ја поминала во прегратките на туѓинец.
Сега пред неа стои еден многу поинаков човек: Ориел насетува дека зајадливиот грчки автократ по секоја цена е решен да се игра мачка и глушец со неа.
Тие двајца влегуваат во меѓусебни пресметки, страстите растат, а Ориел станува свесна дека од сенките наоколу ја набљудуваат злонамерни очи. За семејството Теодоракис со шепот се раскажуваат мрачни приказни. Какви сè опасности се кријат на Хелиос, волшебна земја каде што до денешен ден се изведуваат древни ритуали за да се задоволат боговите, каде што млади мажи си го ризикуваат животот во опасните длабочини на Јонско Море, каде што во секој момент може да еруптира нестабилната површина?
Ќе ги најде ли Ориел скриените богатства по кои трага?
Или, пак, ќе ги стаса трагичното минато на Дамјан, кое се заканува дека ќе ги повлече и двајцата на дно?

499 ден

1 на залиха

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Aphrodite tears (Солзите на Афродита ) од Хана Филдинг
    Се започнува со еден старогрчки мит, поткрепен со легендата за Херакле и неговите дванаесет подвизи и златното јаболко од Хесперидите,исчезнатиот Хелики, храмот на Посејдон во центарот на Хeлики, храмот на Афродита, нејзиното раѓање од длабочините на пенливото море…
    Ориел Андерсон е доктор на науки Подводен археолог и антрополог. Нејзиниот макотрпен пат до висините на нејзината професија и донесе признание за најдобра во својата сфера на работа посебно што Ориел е една од неколкуте жени што ги достигнале овие височини, но никој не знае што се крие зад нејзината тврдоглавост и во длабината на нејзините очи.. како студентка е изневерена и оставена од својот вереник и најдобрата другарка. Во една ноќ таа е напуштена од двајца мажи, едниот знаен, едниот не знаен.. топла магична ноќ на островот Аегина, каде Ориел ќе се препушти на моментот трудеќи се да заборави се…
    7 години подоцна…
    Ориел е уморна од животот кој го води и константното самодокажување како подводен археолог..сличајниот оглас за ново подводно истражување на потонат Римски брод ќе ги разбуди кај неа старите соништа за пронаоѓање на легендарниот антички град Хелики, но и сеќавањата на една топла летна ноќ помината во прегратките на непознатиот странец на островот Аегина.. импулсивно Ориел се пријавува за водич на експедицијата и за чудо ја добива мисијата да помине една летна сезона на јонскиот остров Хелиас, ископувајќи го наоѓалиштето.
    Нејзиното доаѓање на Хелиас е малку чудно, но после долгиот и заморен пат, Ориел не обрнува многу внимание на чудното однесување на Јоргос, десната рака на Д. Леккас човекот кој е организатор на археолошките ископувања во чиј посед е и самиот остров. Јоргос уште од првиот момен е не пријателки настроен кон Ориел, но тоа вешто го прикрива, иако со своето однесување ги омаловажува другите запослени на поседот.
    Таа вечер Ориел го запознава г-ин Лаккис и тука нејзините светови се судираат. Демјан Лаккис е човекот со кој Ориел помина една незаборавна ноќ на плажата во Аегина,човекот кој исчезна заедно со првите здраци на изгрејсонцето. Но овој пат се е поинаку, ниту Ориел ниту Демјан се оние истите луѓе од пред 7 години.
    И покрај се Ориел прифаќа да ја одработи археолошката сезона за која потпишала договор. Подводните ископувања почнуваат, целиот тим е набиен со исчекување какви плодови ќе роди ископувањето, но Хелиас е необичен приватен остров и иако привидно се е во ред Ориел пред чуствува дека нешто не функционира и дека некој ја демне од сенка.. Покрај подводните ископувања, Демијен отвара нова археолошки ископини и на копно, по случајното пронаоѓање на артифакти.
    Ориел почнува да верува дека нејзиниот сон за пронаоѓање на митскиот Хелики можеби и да стане стварност..
    Во меѓувреме строго чуваните тајни на семејството Лаккис почнуваат да излегуваат на површина, таинствената необјаснета смрт на Демјановиот брат, повредите на Хелена, Демјановата братучеда, кои се психички и физички, необјаснатите настани кои се случуваат во резиденцијата на семејството Лаккис, како и случките во селото.. Ориел почнува да се плаши, но нема објаснување од што.
    Во меѓувреме и природата се побунила, Хелиас лежи на подзема геофизичка линија која ги поврзува европската и Азиската земјена плоча, па постојаните земјотреси и помрднувањето ги разбуди а подземните струи и вулканот на островот се буди, што се повеќе ја загрозува работата на археолозите што на земја што подвода..
    Јоргос и неговата сестра Јоланда будно го пратат секој чекор направен од Ориел, која всушност не е ни свесна дека се приближува многу блиску до откривањето на тајните кои Јоргос и Јоланда би сакале да останат засекогаш закопани.
    Во меѓувреме Демјан, копајќи низ предметите пронајдени во една кутија која случајно Ориел ќе ја пронајде во една спила на плажата, ќе дознае некои тајни за своето семејство, и како островот дошол во рацете на Ѓерг Лека, албански рибар и мал трговец пред 200г.
    Во кутијата е скриена историјата на семејството Леккас, стари документи, папируси и еден златен прстен со бисер и драги камења.
    Прстенот е необичен и ќе го натера Дејан да копа по историските анали за да ја реши слагалицата.
    Се додека еден ден вулканот не избувне, цунамито го збришува селото на Хелиас, и Јорго и Јоланда посегнуваат по животот на Ориел, која без да сака ја открива нивната тајна
    Во тој миг Демјан сваќа дека и покрај се, се што му се случувало во последните 7години, губењето на братот, нестреќата на Хелена, неговите повреди, верувањето на локалното население дека семејството Леккас е проколнато, ништо не е важно како Ориел. И дека покрај се таа е најважната личност во неговиот живот, од таа магична ноќ пред 7г иако тогаш не ни знаел која е ниту нејзиното име. И Демјан тргнува во спасувачка потрага..

    🔹Искрено не ни очекував толку да ме бендиса една романса.
    Не сум баш многу по “љубовни романчиња“ ги надминав како тинејџер.. НО! Хана Филдинг вешто ткае романтична приказна, со суспензија на неочекуваното, историја, авантура.. нејзините описи на островот и главните личности го водат читателот во авантура, во која се осеќа како дел од книгата. Ориел и Демјан се извонредно психолошки обработени , и двата имаат маани но и доблести, и се надополнуваат во многу нешта.
    Знам дека некои книги на Хана Филдинг се преведени кај нас, но не сите.
    Моја најтопла препорака.
    Од цена 4,5/5