• img-book

    Сара Џио


ISBN: 978-608-260-033-8

Сите цвеќиња во Париз

од: Сара Џио
4.8 од 5 од 10 оцени на читатели
10 оцени од читатели

Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни кои се протегаат од Втората светска војна до сегашноста.

Кога Керолајн се буди во една болница во Париз и не се сеќава на своето минато, се разочарува кога дознава дека со години водела тажен, осаменички живот во стан покрај Сена. Кога полека почнуваат да ѝ се враќаат некои бледи спомени од маж и мало детенце, се заколнува дека ќе ја состави сложувалката за својот живот, иако од некоја причина се чувствува како да е во опасност. Полека се спријателува со главниот готвач во едно пријатно ресторанче во близина за да не се опседнува со минатото, како и со една шокантна мистерија од пред неколку декади…

Во Париз, окупиран од нацистите, млада вдовица, Селин, си живее мирен живот со татко ѝ, локален цвеќар, и нејзината ќерка, Кози. Кога еден безмилосен германски офицер дознава дека семејството има еврејско потекло, тој почнува да ја уценува Селин, принудувајќи ја да му стане љубовница само за нејзиниот татко да биде безбеден. Тројцата почнуваат да кројат план за бегство, но нивната мисија скршнува во лош правец и саканиот татко и ќерка на Селин ги снаоѓа лоша судбина. Крајно вознемирена, Селин се плаши од најлошото. Но набрзо дознава дека Кози се искраднала и ја следела до станот каде што таа е заробена. Мотивирана како никогаш претходно, Селин сега мора да се бори да ја крие и заштити личноста што ја сака повеќе од сè.

Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.

button-new

420 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1978
Сара Џио е автор на 8 бестселери според Њујорк Тајмс и USA Today. Таа воедно е новинарка која има пишувано за Glamour, The New York Times, Redbook, O: The Oprah Magazine. Живее во Сиетл со трите мали синчиња.
Книги од Сара Џио
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-033-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 342

  1. :

    3 out of 5

    Керолајн по несреќа ќе го изгуби помнење. Дали ќе успее да ги пронајде свои корени за да го состави семејство на едно место како порано? Додека Селин живее со татко и и ќерка и Кози. Како тие ќе ја пребродат војната кога ќе им тропна на врата?

  2. :

    5 out of 5

    Историската фикција е мојот омилен жанр, особено книги кои се фокусираат на временскиот период за време на владеењето на Хитлер. Верувам дека никогаш не треба да престанеме да се едуцираме за тоа време во историјата. Никогаш да не заборавиме и никогаш да не дозволиме тие изгубени животи да бидат заборавени. Сите цвеќиња во Париз е една од оние чудесни книги што ги прикажува лицата на оние што страдале за време на нацистичката окупација и ги прикажува не само борбите со кои се соочиле во тоа време, туку и прекрасните приказни на човештвото кое што си помагало тогаш. Ова е двојна временска приказна за две силни, независни жени. Ги сакав и двете приказни и извонредните детали што прават да се чувствуваш како да си во Париз. Бев целосно воодушевеа од оваа книга и не сакав да заврши. Не може да биде лесно да се поврзат надежта и ужасите на војната, но Сара Џио го прави тоа прекрасно.🌸🌷🤍💯

  3. :

    5 out of 5

    ⭐⭐⭐⭐⭐

  4. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Прекрасните описи на Париз, ќе ве остават без здив. Тажна и срцепарателна приказна за семејството, љубовта, пожртвуваноста и преживувањето. Ќе се соживеете со голем дел од ликовите и нивните животни приказни. Ќе сакате Керолин да го врати своето сеќавање, ќе се молите за Селин, која ќе се обидува да го заштити своето семејство по секоја цена. Како се поврзани приказните на двете жени останува да откриете самите вие.

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    “Понекогаш треба да се случи најлошото за од нас да го извади најдоброто.”

    Прекрасните описи на Париз, ќе ве остават без здив. Тажна и срцепарателна приказна за семејството, љубовта, пожртвуваноста и преживувањето. Ќе се соживеете со голем дел од ликовите и нивните животни приказни. Ќе сакате Керолин да го врати своето сеќавање, ќе се молите за Селин, која ќе се обидува да го заштити своето семејство по секоја цена. Како се поврзани приказните на двете жени останува да откриете самите вие.

  6. :

    5 out of 5

    Многу добра – прекрасни описи, интересна и мистериозна приказна. Емотивна и срцепарателна…
    Ја препорачувам за љубителите на драма/романса и мистерија, навистина е одлична!

  7. :

    5 out of 5

    Сара Џио по трет пат ми докажува дека знае како да допре до срцето на читателот. Нејзините приказни се толку нежни, емотивни, но страшно потресни. Полни со солзи и сеќавања. И неизбежно по некое писменце. Се преплетуваат приказни од минатото и сегашноста кој на некој начин, случајно се поврзани. Книгата зборува за страдањето на едно семејство со еврејско потекло, кое затскриено под француско презиме води навидум хармоничен живот. Наеднаш идилата ја разнишува еден ,,страшен чичко” (ги цитирам зборовите на малата Кози) , германски војник, кој сака да ја добие по секоја цена Селин, која за жал станува негова покореничка заклучена во станот бр.18 на улицата Клер. После многу години во истиот тој стан живее младата Керолајн, која добива амнезија како резултат на сообраќајна незгода. И нејзината судбина не е така розова. Трагајќи по сопственото јас , ја открива тајната за еврејското семејство и се соживува. Но и нејзината приказна е далеку од совршена. Од дното на срцето чувствува голема тага и знае дека се соочила со голема несреќа. Во меѓувреме харизматичниот Виктор ќе и помогне да осознае која е вистинската личност.
    Ја оценувам со 5 ⭐⭐⭐⭐⭐
    И топло ви ја препорачувам !

  8. :

    5 out of 5

    Книгата е убава, но според мене најслаба за разлика од останатите нејзини книги.

  9. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Преубава книга која плени со двете испреплетени приказни, една во сегашноста а друга во минатото за време на Втората светска војна. Иако животните стории на двете жени делуваат посебни, сепак има некоја нишка што ги спојува. Навистина одлична!

  10. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Сара несомнено полека, но сигурно ми стана една од најмилите писателки.😇
    Преубава приказна која го испреплетува минатото и сегашноста,две навидум различни,но сепак слични жени.Описите се толку убави што имав чувство дека навистина во моментот се наоѓам во Париз.🥰
    Со нетрпение чекам да преведете уште книги од неа,одлична е!🥳