
Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 2
Оваа неверојатна книга им покажува на девојчињата дека можат да бидат сè што сакаат.“
– Мелинда Гејтс
Продолжението на сензационалниот бестселер на „Њујорк тајмс“ ги инспирира девојчињата низ целиот свет повеќе да сонуваат, повисоко да целат и посилно да се борат. „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 2“ е целосно нова колекција од сто приказни за добра ноќ што слават извонредни жени, од Нефертити до Бијонсе, од Розалинд Френклин до Џ. К. Роулинг.
Кралици и активистки, балерини и правници, пирати и компјутерски научници, астронаути и изумители – чудесна книга што дава чувство дека сè е можно.
„’Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња‘ повторно со нас!“
– Ејми Полерс Смарт Грлс
„Суштинско четиво за девојчиња, а и за момчиња; на децата што ќе ја читаат оваа книга пред спиење им се гарантираат големи и инспиративни соништа.“
– Фиона Ноубл, „Гардијан“
„Се чини заспивањето никогаш не било подобро.“
– Тејлор Питман, „Хафингтон пост“
790 ден
2 на залиха
ISBN: 978-608-259-343-2
Издавач: Арс Ламина
Година на издавање: 2019
Број на страници: 224
Уште нема коментари за овој производ.