• img-book

    Кристин Хана


ISBN: 978-608-260-119-9

Прекрасната самотија

од: Кристин Хана
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Ернт Олбрајт, поранешен воен затвореник, се враќа од војната во Виетнам како сосема променет, непредвидлив и насилен човек. Кога губи уште едно работно место, носи импулсивна одлука: решава да го пресели семејството на север, во Алјаска, каде што ќе живеат далеку од модерното општество, во дивината на најдалечната американска граница.

Тринаесетгодишната Лени, девојче кое созрева во турбулентно време и кое е заробено во вртлогот на страсната и бурна врска на нејзините родители, се осмелува да се надева дека новата земја ќе води до подобар живот за нејзиното семејство. Таа е очајна да припаѓа некаде. Нејзината мајка, Кора, ќе направи сѐ и ќе отиде дури и на крајот на светот за човекот што го сака, па макар и тоа значело да го следи во непознатото.

На почетокот се чини дека Алјаска ќе биде одговор на нивните молитви. Во дивината наоѓаат страшно независна заедница полна со силни мажи и уште посилни жени. Долгите сончеви денови и дарежливоста на локалното население надоместуваат за неподготвеноста на Олбрајтови и нивниот недостаток на ресурси. Но со наближувањето на зимата во Алјаска почнува да настапува темнина и кревката психичка состојба на Ернт дополнително се влошува, па семејството почнува да се крши. Убавината надвор почнува да бледее во споредба со опасностите внатре во домот. Во нивната мала колиба покриена со снег, под превезот на ноќта долга 18 часа, Лени и нејзината мајка ја откриваат ужасната вистина: дека се препуштени сами на себе. Во дивината, нема кој да ги спаси ако не се спасат самите.

„Прекрасната самотија“ е неверојатна приказна која ќе ве остави будни цела ноќ; приказна за љубовта и загубата, борбата за преживување и дивината која живее во природата, но и во човекот.

500 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Kristin Hannah - 1960
Кристин Хана е една од најпродаваните американски писатели која има освоено бројни награди, вкулучувајќи ја наградата Golden Heart, the Maggie и 1996 National Reader's Choice award. Taa живее на Бејнбриџ Ајланд, Вашингтон, со сопругот и нивниот син.
Книги од Кристин Хана
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-119-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2021
Број на страници: 506

  1. :

    5 out of 5

    Уште од прва страна знаев дека ќе ја обожавам книгава. Прекрасна драма, не можев да ја испуштам од раце..
    После Славејот од Кристин Хана, не верував дека олку ќе се заљубам во некое друго нејзино дело..
    Суровиот свет во комбинација со прекрасните пејзажи и околината навистина ме натера да се изгубам во оваа книга.
    ⭐⭐⭐⭐⭐

  2. :

    5 out of 5

    Епска љубовна драма со раскошни описи, емотивна и незаборавна.

  3. :

    5 out of 5

    Книгата е прекрасна. 5 од 5.
    Ја препорачувам на секој што сака добра драма.