• img-book

ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ

 П О Г О В О Р

 

Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните е книга од Библијата – книга од Книгата над книгите – дел од Светото писмо, кое е надвредносна вредност. Овде го имаме Посланието и неговата со­држина, со разјаснување и толкување. Тоа е од особено значење за верата, за културата, за науката и за книжевноста, коишто кај нас, – во Македонија, започнале токму со Библијата и со светиот апостол Павле.

Овој труд е од посебна важност и значително е неговото присуство во рацете на културната, научната и другата заинтересирана јавност. Посебно е значаен неговиот придонес во разработката на библискиот текст.

Книгава дава исклучително нови научно-истражувачки анализи од  книжевното и текстолошкото проучување на Библијата и нејзиното значење во нашата култура, а посебно за нашето македонско јазично подрачје.

Овде е протолкуван секој библиски збор од Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните, дури и сложенките се расчленети. Над секој стих е созерцавано и с# е јасно искажано, за да се избегне каква и да било дво­смисленост и нејасност.

Бидејќи овој труд е единствен во македонската библистика, се надевам дека ќе наиде на посебен интерес кај културната јавност, особено кај проучувачите на библиските текстови, а и во тео­лошкото образование кај нас, како и кај православните верници и сите што сакаат да ја разберат евангелската мисла и порака, да ја усвојат и да живеат според неа.

Во македонското книгоиздателство вистинска реткост е книга со библиска содржина, како што е оваа. Неа жедно ја очекуваат и студентите на Православниот богословскиот факултет во Скопје.

Овој труд го дава својот научен придонес за развивање на библиско-бого­­­­словската мисла кај нас, а и во светот, бидејќи ретки се научните трудови од оваа област. Ова е единствено вакво дело на македонски јазик за библиската книга Послание на светиот апостол Павле до Римјаните. Тоа е од значаен национален интерес и за културата во Македонија.

800 ден

Моментално недостапна

За книгата

“ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ”

Уште нема коментари за овој производ.