• img-book

Category:

ПЛАНУМ ПРИКАЗНА

ПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.

ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.

Крајната цел на ПланУМ приказна е:

– откривање на нови таленти и вештини кај децата
– развој на креативноста низ забава
– организирање на обврските
– поставување цели за идни врвни достигнувања
– создавање здрави навики
– градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
– откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.

Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба.

499 ден

Моментално недостапна

За книгата

“ПЛАНУМ ПРИКАЗНА”

Уште нема коментари за овој производ.