-
5 out of 5Мојот личен ФБИ агент од: Џули Џејмс
Што се случува кога судбината ќе спои двајца вечни непријатели?
Од сите можни хотелски соби во Чикаго, асистентот државен јавен обвинител, Камерон Линд мораше да ја одбере токму онаа до собата број 1308, каде едно неверојатно бучно и агресивно „водење љубов“ завршува со убиство. Таа почнува да го преколнува реновирањето на својата кујна и паркетот кои ја примораа да отседне во хотел уште пред да ги дознае сите детали и уште пред да ја сфати големината на нејзината несреќа. Но тоа не е крајот на нејзините маки. Зошто? Па затоа што, освен што е сведок на убиство, од сите ФБИ агенти во Илиноис, одговорен за истрагата мораше да биде токму специјалниот агент Џек Палас. Да, истиот оној намуртен и страшен Џек Палас кој уште не може да го заборави нивното минато и ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години…Да работи со Камерон Линд? Дали тие се шегуваат со него? Па тој не сака ниту да ја види лудата жена. Да, Џек дефинитивно мисли дека сето ова е само шега, дека неговите колеги ФБИ агенти сакаат да се пошегуваат со него по повод неговото враќање во Чикаго после трите години поминати во Небраска (поради Камерон Линд!). Но ова не е никаква шега: иако тие двајца не сакаат ниту да се видат, сега мора да го остават зад себе своето бурно минато и да се фокусираат на задачата пред нив. Ако воопшто можат да се фокусираат кога не се ни способни да размислуваат кога се блиску еден до друг…
-
Попуст!5 out of 5Нека победи подобриот од: Џули Џејмс
САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!
Па, нека победи подобриот!
-
4.67 out of 5Подарок за роденден од: Сузан Е. Филипс
Генијалната професорка по физика, доктор Џејн Дарлингтон, очајно сака бебе. Но наоѓањето татко за нејзиното бебе за неа не е така лесно. Супериорната интелигенција на Џејн е причината поради која таа израснала како чудак, вечно сама и изолирана поради страдањата предизвикани од злобните зборови на другите деца. Нејзиниот живот не е лесен дури ни сега како возрасна личност, па таа ужасно многу сака да го поштеди своето дете од слична судбина. Што значи дека мора да најде некој многу специјален за татко на своето дете. Некој многу… па, глупав… кој би надоместил и би го урамнотежил коефициентот на интелигенција на нивното бебе.
Кал Бонер, легендарниот бек на тимот Чикаго Старс, изгледа како совршен избор. Но неговите планински корени, добар изглед и лошо изразување лажат. Премногу доцна, доктор Џејн сфаќа дека овој „чоек“ е многу попаметен отколку што изгледа и тој нема намера да дозволи да биде искористен и изигран од страна на една луда, паметна планерка со скриени намери.
Она што почнува како совршено скроен план со еден подарок за роденден излегува од контрола и се претвора во приказна која ќе ве насмее до солзи…
* Наградата за најдобра љубовна приказна *
* Награда за романса на годината *
* Награда за романтична комедија на годината *
-
5 out of 5Рајот може да почека од: Кели Тејлор
„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…
Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун… таа не рече ништо! Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето – заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака?!
Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
Пламен на страста
270 ден
Моментално недостапна
Уште нема коментари за овој производ.