-
5 out of 5Сосед од пеколот од: Р.Л Метјусон
Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.
Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа и не може да ја продаде својата куќа, па така нема избор освен да му објави соседска војна…
Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…
-
4.67 out of 5Подарок за роденден од: Сузан Е. Филипс
Генијалната професорка по физика, доктор Џејн Дарлингтон, очајно сака бебе. Но наоѓањето татко за нејзиното бебе за неа не е така лесно. Супериорната интелигенција на Џејн е причината поради која таа израснала како чудак, вечно сама и изолирана поради страдањата предизвикани од злобните зборови на другите деца. Нејзиниот живот не е лесен дури ни сега како возрасна личност, па таа ужасно многу сака да го поштеди своето дете од слична судбина. Што значи дека мора да најде некој многу специјален за татко на своето дете. Некој многу… па, глупав… кој би надоместил и би го урамнотежил коефициентот на интелигенција на нивното бебе.
Кал Бонер, легендарниот бек на тимот Чикаго Старс, изгледа како совршен избор. Но неговите планински корени, добар изглед и лошо изразување лажат. Премногу доцна, доктор Џејн сфаќа дека овој „чоек“ е многу попаметен отколку што изгледа и тој нема намера да дозволи да биде искористен и изигран од страна на една луда, паметна планерка со скриени намери.
Она што почнува како совршено скроен план со еден подарок за роденден излегува од контрола и се претвора во приказна која ќе ве насмее до солзи…
* Наградата за најдобра љубовна приказна *
* Награда за романса на годината *
* Награда за романтична комедија на годината *
-
5 out of 5Само најсекси маж кој постои од: Џули Џејмс
Која е Тејлор Донован? Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце. Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети. Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование. Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците… тоа е мелодија за нејзините уши. Таа не е само убиствено добар адвокат…. таа е воркoхолик.
Кој е Џејсон Ендрус? Чекај, чекај – што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?
Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец… А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа… и ја прикаже како недоделкан тинејџер.
Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен! Но, сепак таа го видела на малите екрани… И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!
Уффф… Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!
Пламен на страста
270 ден
2 на залиха
Уште нема коментари за овој производ.