• img-book


ISBN: 978-608-267-176-5

Париската библиотека

Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ù е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент.

Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ù оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ù одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ù го сменат животот.

Романот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.

350 ден

1 на залиха

За книгата

“Париската библиотека”

Уште нема коментари за овој производ.