-
Колин Хувер
Ова завршува со нас (тврд повез)
од: Колин ХуверПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
500 ден
Моментално недостапна
Малечка – :
Лили, по погреб на татко и ќе замине во Бостон. Таму случајно ќе го запозна Рајл. Лили е ставена како во меч од две страни, 1. минатото со Атлас и 2. иднината со Рајл. На која страна ќе се одлучи Лили да остане? Дали во донесување на одлуки ќе ја одбере погрешната страна во избор на љубовта? Каква промена ќе донесе откако мајка и ќе се пресели во Бостон?
nensi_eftimova – :
Прекрасна