• img-book

Category:

Мојот лавиринт

„МОЈОТ ЛАВИРИНТ“ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА Оваа книга со загатки, со јасни упатства за децата има повеќе задачи и цели за стимулирање на развојот кај децата, меѓу кои е развојот на графомоториката. Со вежбање и увежбување на моториката на раката координирајќи ги движењата со помош на молив и боички се овозможува развој на вештината за пишување кај децата, на начин кој не дозволува излегување на линијата надвор од рамката, а со боењето се негуваат естетски аспекти од развојот . „Мојот лавиринт“ помага за развој на планирањето кај детето, затоа што најпрво со поглед, па со прст го бара излезот, а потоа со молив доаѓа до решението. Решавајќи ги загатките детето ја развива способноста за решавање на проблеми и тоа се оди од просто кон посложено, како што се поставени и лавиринтите во оваа книга. Со решавање на загатките, се развива мислењето и концентрацијата кај детето, се зајакнува самодовербата после секоја решена задача. Секој лавиринт е повеќе од игра. Со решавање на загатката детето поминува квалитетно време во добра забава.

90 ден

Моментално недостапна

За книгата

“Мојот лавиринт”

Уште нема коментари за овој производ.