• img-book

МОЈАТА ГЕНИЈАЛНА ДРУГАРКА

Моќна и длабока приказна за доживотното женско пријателство и ривалство.

Приказната ja раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Растејќи во сиромашното неаполско маало во 50-тите, на суровите улици и во школските клупи, двете девојчиња учат да се потпираат една на друга пред сите детски стравови и предизвици. Иако патиштата непрестајно им се вкрстуваат и раскрстуваат, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат.

Со првиот дел од тетралогијата Неаполски романи, Феранте се докажува како еден од најголемите италијански раскажувачи на сите времиња. Оригиналната и бескомпромисно искрена проза совршено ги портретира овие два женски лика обликувани во контекстот на повоена Италија. Мајсторски скроен и трепетно возбудлив наратив што го одзема здивот со секоја нова авантура на двете хероињи.

Елена Феранте е италијанска писателка што пишува под псевдоним и чиј вистински идентитет не е познат во јавноста. Живее во Неапол. Се смета за највлијателна на својата генерација. Авторка е на десетина романи, од кои се издвојуваат Вознемирувачка љубов (1992), Денови на заборав (2002), Загубената ќерка (2008), а со светска слава се стекнува токму со првиот од четирите Неаполски романи, Мојата генијална другарка (2011), серијал што ја донесе во најтесна конкуренција за неколку престижни книжевни награди.

550 ден

Моментално недостапна

За книгата

“МОЈАТА ГЕНИЈАЛНА ДРУГАРКА”

Уште нема коментари за овој производ.