-
Попуст!5 out of 5Момчето во пижами на риги од: Џон Бојн
Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со деветгодишното момче по име Бруно. (Иако ова не е книга за деца.)
Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство.
Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача.
Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
Десетици недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, филмуван роман од страна на Мирамакс Филмс, награда за најдобра книга на сите времиња во Ирска, продадени над 5.000.000 примероци низ светот, издадена во 44 земји, Македонија е 45 земја која ги купува правата за оваа книга…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
-
Попуст!4.75 out of 5Сонувај малку од: Сузан Е. Филипс
ОЧАЈНА МЛАДА МАЈКА
Лошата среќа на Рејчел Стоун зема уште поголем замав. Со празен паричник, расипан автомобил и гладно петгодишно синче кое зависи само од неа, таа се враќа во градот каде што сите ја мразат. Но оваа решителна млада вдовица со скандалозно минато има поминато доволно во животот за да научи како да биде борец. Таа ќе направи сè за нејзиното дете да биде безбедно.И ЧОВЕК БЕЗ СРЦЕ
Гејб Бонер сака само да биде оставен на мир, особено од страна на прекрасната протерана жена која без дозвола го сместува своето привремено живеалиште – расипан автомобил – на неговиот имот. Таа има безобразна уста, талент за проблеми и дете кое му враќа многу болни спомени. Сепак, постои шанса жестокиот дух на Рејчел да е баш она што му треба на овој тврдоглав, силен маж за да се врати во живот.СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА СОНУВААТ МАЛКУ
Добредојдовте во Салвејшн, Северна Каролина – каде еден човек кој има заборавено што значи тоа нежност запознава жена која нема што повеќе да изгуби и заедно се впуштаат во смешно и трогателно патување на срцето… до место каде нивните соништа можеби и можат да се остварат. -
Попуст!4.33 out of 5Статистичка веројатност за љубов на прв поглед од: Џенифер И. Смит
Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?
Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.
Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.
Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.
Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?
Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.
Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.
Оваа книга, освен што нѝ покажува како младите се носат со тешки емоции како овие, како реагираат во одредени случаи – таа исто така зборува за љубовта на прв поглед и за тоа дека може да нѝ се случи кога најмалку ја очекуваме. Со вметнување на љубовна приказна во рамки на главната приказна, авторот успева да стави парче сјај на тажната приказна и да покаже дека и покрај лошите работи, во животот се случуваат и добри работи. Дејството се случува во рок од 24 часа, но приказната е богата и прекрасно раскажана.
Најинтересниот податок во врска со оваа книга е тоа дека книгата е оригинално издадена неодамна, кон крајот на март 2012, а авторските права за неа беа продадени во 30 земји уште пред книгата да биде издадена.
-
Попуст!4.75 out of 5Првиот последен бакнеж од: Али Харис
Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?
Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…
Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…
Сакам книги ви ја препорачува со чиста совест и цело срце – ова е книгата која не смеете да ја пропуштите во 2013 година!
Лавиринт на вистината (албански јазик)
400 ден
2 на залиха
Уште нема коментари за овој производ.