• img-book

Куќа без прозорци

Живописна, незаборавна приказна за едно тешкозамисливо сестринско поврзување – емоционално моќна и незаборавна сага за пријателството, сторија што фрла светлина врз маките на жената во една традиционална култура, од авторката на бестселерите „Бисерот што ја скрши школката’ и „Кога месечината е ниско“.
Цели две децении Зеба била сопруга полна со љубов, стрплива мајка, мирна селанка. Но, нејзиниот тивок живот се урива кога нејзиниот сопруг Камал е пронајден убиен со секира во дворот од нивната куќа. Речиси сосема одземена од шокираност, Зеба не е во состојба да каже каде била и што правела во моментот на неговата смрт. Нејзините деца се колнат дека е невозможно мајка им да извршила таков морничав чин. Семејството на Камал е сигурно дека таа го сторила тоа и бара правда. Зеба за малку избегнува да биде линчувана од одмаздничката толпа, уапсена е и однесена в затвор.
Додека чека судење, Зеба запознава група жени, чијашто несреќна судбина ги донела во овие мрачни ќелии: 18-годишната Нафиса, затворена за да биде заштитена од крвна одмазда; 25-годишната Латифа, која како тинејџерка избегала од дома, но уште останува во затворот бидејќи тука наоѓа безбедно засолниште; 22-годишната Мезган, бремена и немажена, која чека судот со налог да го присили нејзиниот љубовник да се ожени за неа. Ладнокрвен убиец ли е Зеба, се прашуваат младиве жени, или, како и тие, е фрлена в затвор зашто прекршила некое правило на општеството? Затворот за овие жени истовремено е и прибежиште, и казна; тргнати настрана од надворешниот суров свет што не простува, тие меѓусебно се поврзуваат во жива и неуништлива сестринска врска.
Во овој затворен свет доаѓа Јусуф, адвокатот на Зеба, млад Авганистанец роден овде, а пораснат во Америка, кој се вратил поради личната посветеност кон борбата за човекови права и поради желбата да ѝ помогне на својата родна земја. Судбината на оваа навидум сосема обична домаќинка е во негови раце, а тој открива дека, како и самиот Авганистан, неговата клиентка, можеби, воопшто не е тоа што тој замислува дека е.
Трогателен приказ на животот на авганистанските жени во денешно време, Куќа без прозорци е неверојатно, застрашувачко и триумфално четиво.

499 ден

2 на залиха

Количина:
За книгата

“Куќа без прозорци”

Уште нема коментари за овој производ.