• img-book

Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна

Свежо разведен од својата втора жена, и покрај својата презафатеност, во ноември 2007 година францускиот претседател Никола Саркози се сложува да оди на вечерна забава приготвена од еден негов пријател; таму ја запознава Карла Бруни, супермодел, музичар, поранешен партнер на грандиозни фигури од интелектуалниот и од светот на џет-сетот: Рафаел Ентовен, Мик Џегер, Леос Каракс, Шарл Берлен, Ерик Клептон. Привлечноста е мигновна и обострана: Бруни сака маж со „нуклеарна моќ“, а Саркози не може да одолее на вниманието на една убава, славна и интелигентна жена. Во рок од неколку месеци, венчавката станува неизбежност.

Валери Бенаим и Ив Азеруал, преку ексклузивни интервјуа со Карла Бруни, успеваат да сложат една читлива и интересна приказна за она што се случувало зад завесите: поранешните љубовници на најпознатата француска двојка, нивното запознавање, текот на врската. И секако: реакциите на француската јавност, која, и покрај својата либералност, не можела да биде подготвена за втора дама со наводна репутација на нимфоманка и со импресивна листа на поранешни љубовници.

Ив Азеруал е автор на познатата книга Митеран, Израл и Евреите, авторитативна студија за француската стратегија и историски ангажман на Средниот Исток, како и на За верата и републиката. Уредник е на La Tribune Juive, весникот на француската еврејска заедница.

Валери Бенаим е една од најпознатите водителки на францускиот ТВ-канал TF1 и е коавторка и на историскиот роман Ружата на Сталинград.

300 ден

2 на залиха

Количина:
За книгата

“Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна”

Уште нема коментари за овој производ.