• img-book

Истанбул

Уште од најрано детство длабоко во себе верував дека во мојот свет постои нешто повеќе од она што го гледав: дека некаде на улиците во Истанбул, во куќа слична на нашата, живее некој друг Орхан, толку сличен на мене што би можел да ми биде близнак, па дури и двојник. Не можам да се сетам кога и од каде првпат ми се појави таа помисла. Веројатно настанала како плод на долгогодишна мрежа од шпекулации, недоразбирања, илузии и стравови. Но, во едно од моите најрани сеќавања станува малку појасно како се роди приказната за другиот јас.
Кога имав пет години, кусо време живеев во друга куќа. По една од нивните жестоки расправии, моите родители заминаа за Париз и решија јас и брат ми да останеме во Истанбул, но нè сместија во различни куќи. Брат ми остана во срцевината на семејството со нашата баба во апартманите „Памук“ во Нишанташи, додека мене ме пратија да живеам со тетка ми во Џихангир. На едниот ѕид во таа куќа, каде што секогаш ме дочекуваа со многу љубов, висеше слика од детенце, и одвреме-навреме тетка ми и тетин ми ќе покажеа кон неа и низ насмевка ќе речеа: „Погледни! Тоа си ти!“

450 ден

3 на залиха

Количина:
За книгата

“Истанбул”

Уште нема коментари за овој производ.