ЕВЕ ЕДЕН МАЛ ФАКТ:
Вие ќе умрете.
Дали ова ве загрижува?
Ве замолувам да не се плашите.
Ако ништо друго, јас сум праведна.
Се разбира, вовед. Почеток. Каде ми е културата?
Најпрво да ви се претставам, јас сум Смртта и воедно раскажувачот на оваа приказна.
Да бидам искрена, ова е само една мала приказна, помеѓу другите работи, за:
– Едно девојче сираче
– Еден хармоникаш со сребрени очи
– Неколку Германци фанатици
– Еврејски боксер скриен во подрум
– Многу запалени книги
– И многу кражби
Ја видов крадачката на книги трипати.
Да, јас често се присетувам на неа и – во еден од моите многу џебови – ја имам сочувано нејзината приказна за да ја раскажам. Таа е една од многубројните приказни кои ги носам со себе, секоја од нив исклучителна на свој начин. Секоја од нив обид – страшно силен обид – за да ми докаже дека вие, и целото човечко постоење, вредите.
Еве ја. Една од многуте. Крадачката на книги.
Ако сте расположени, тргнете со мене. Ќе ви раскажам приказна. Ќе ви покажам нешто. Ќе ви докажам дека дури и Смртта има срце.
Уште нема коментари за овој производ.