-
5 out of 5Зима со мирис на капини од: Сара Џио
Сара Џио како автор за првпат се појави во 2011 година со книгата The Violets of March и уште со таа книга, почна еден интересен феномен, односно читателите почнаа да ја нарекуваат „feel-good author“, а нејзините книги „feel-good“ книги. Морав да се изразам вака, бидејќи буквален превод немам, но се мисли на тоа дека огромен дел од читателите велат дека едноставно се чувствуваат некако убаво додека ги читаат нејзините приказни. Ова веројатно произлегува од тоа што нејзините книги се некако топли, ликовите мили и убаво опишани дури и кога на моменти се малку наивни или недопадливи, приказните речиси секогаш со двојна нарација за забранета љубов или љубов во време на војна или љубовници од различни класи и така натаму. Некои читатели ги споредуваат нејзините книги со книгите на Лусинда Рајли и Кристин Хана, а други пак велат, „Џио ми е мала, безобразна тајна. Нејзините книги понекогаш мe потсетуваат на сапуници, во позитивна смисла, и не можам да престанам да ги читам“.
Во изминативе 6 години, нејзините книги се преведени во 30 земји и таа веќе има милиони обожаватели. Со оглед на тоа дека Зима со мирис на капини ѝ е една од најпопуларните и најубавите книги, ние решивме да почнеме од неа па да продолжиме понатаму со другите.
И во оваа книга имаме двојна нарација, паралелно ни раскажуваат две жени; двете од Сиетл, само едната живее во 1933, а другата во 2010 година. Самохраната мајка Вера Реј има тригодишно синче, кое навечер со тешко срце го заклучува само дома, бидејќи нема кој да ѝ го чува кога е трета смена во хотелот каде што работи како собарка. Еднаш дури и го има однесено на работа со себе, но не смее веќе да ризикува затоа што и без тоа не им стигаат средства за трошоци и кирија, па не може да си дозволи да ја изгуби работата. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела. Вера е избезумена, не знае каде да се обрати и што да направи за да си го најде детето. Додека трага по него, паралелно ни ја раскажува приказната за љубовта со таткото на Даниел, богатиот Чарлс.
Осумдесет години подоцна, новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и во 1933 и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во меѓувреме се труди да се опорави од лична трагедија и да си го спаси бракот кој стои на стаклени нозе. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Да не откривам повеќе, останува на вас да дознаете што се случило со Даниел, со Вера и Чарлс, со Клер и нејзиниот сопруг, како и другите ликови што имаат своја улога. За крај можам само да им ја препорачам книгата на сите оние кои сакаат убава драма, особено во зимските денови.
-
Попуст!4.88 out of 5Крадци и проститутки од: Рута Шепетис
14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. „Сите ќе умреме“, полека рече еден ќелав човек во камионот. „Ова е крајот.“ Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
Илјадници луѓе во воз за добиток, со по една кофа вода и помија дневно, така поминавме илјадници километри додека да најдат совршено место за да ги скријат своите тајни од светот, за да не скријат нас од светот.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
-
Попуст!4.88 out of 5Кралство од соништата од: Џудит МекНот
ТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА ЛЕСНО…
Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.
ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.
Избрани песни – Ана Ахматова
350 ден
2 на залиха
Уште нема коментари за овој производ.