Избрани дела од сестрите Бронте
Три романи од најпознатите сестри во книжевноста, собрани во едно луксузно издание.
-ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ
-ЏЕЈН ЕЈР
-СТАНАРКА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ
999 ден
Моментално недостапна
Три романи од најпознатите сестри во книжевноста, собрани во едно луксузно издание.
-ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ
-ЏЕЈН ЕЈР
-СТАНАРКА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ
999 ден
Моментално недостапна
Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со деветгодишното момче по име Бруно. (Иако ова не е книга за деца.)
Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство.
Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача.
Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
Десетици недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, филмуван роман од страна на Мирамакс Филмс, награда за најдобра книга на сите времиња во Ирска, продадени над 5.000.000 примероци низ светот, издадена во 44 земји, Македонија е 45 земја која ги купува правата за оваа книга…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого?
Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата.
Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?
Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Таа сака да знае зошто нејзината мајка го напуштила своето родно гратче така ненадејно? И зошто се заколнала дека никогаш повеќе нема да се врати таму? Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш. Брашно, јајца, млеко и шеќер… Печењето е единствениот јазик со кој гордата, но ранлива Џулија знае да комуницира и да го каже она што го носи во срцето. Но дали овој јазик е доволен за да ги повика оние кои таа ги има повредено во минатото?
Дали една торта навистина може да врати загубена љубов? Одговорите никогаш не се она што го очекувате, но во овој чуден магичен град, неочекуваното е баш она што најдобро се вклопува.
Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?
Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…
Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…
Сакам книги ви ја препорачува со чиста совест и цело срце – ова е книгата која не смеете да ја пропуштите во 2013 година!
Нема производи |
Уште нема коментари за овој производ.