• img-book

rainbowmockups-design.commockups-design.comRadosnica inside 1Radosnica PREMIUM inside 1Radosnica premium outside 1

Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – сива

Ви го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.

Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!

1,400 ден

Количина:
За книгата
Детали

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2024
Број на страници: 65

“Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – сива”

Уште нема коментари за овој производ.