• img-book

Емотивен талог

Книгата „Емотивен талог“ произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина. Ова дело е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

Гоце Смилевски

 

Прозните цртички за „најдлабокото човечко“ на Ана Јовковска се албум на една лична интима, но воедно и освестувачки аларм за колективната свест и совест. Испровоцирани од радикалната промена на светот при соочувањето со монструозниот вирус, нејзините прозни записи се длабока интроспекција и потрага по примарните хуманистички вредности: среќата, љубовта, слободата, здравјето (физичко и ментално), моралот, солидарноста, природата, културата… Хибридните прози кои комбинираат расказ со есеј, колумна со критика, филозофија со психологија се необични книжевни медалјони, свежи и сочни. И, секако, не смее да се заборави – имаат розова боја, „крчкани“ се во женска кујна!

Соња Стојменска-Елзесер

 

Приказните од кујната на Јовковска се „крчкани натенане“, сериозно промислени и продлабени низ слоевите на колективните матрици, но едновремено длабоко прочувствувани и процедени низ решетките на сопственото искуствено доживување. Во нив таа навидум се занимава со себе и женските револуции што ги води, но нејзиното интимно соголување, всушност, крие гандиевска филозофија, длабоко верувајќи дека со личниот пример може да го трасира патот кон поправеден, послободен и попродуховен свет.

Ана Мартиноска

 

Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог“ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитноста на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив.

Владимир Мартиновски

350 ден

2 на залиха

Количина:
Додадена
За книгата

“Емотивен талог”

Уште нема коментари за овој производ.