-
Реинбоу Ровел
Еленор и Парк
од: Реинбоу РовелПрвата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака…
Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…
Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.
Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри.
Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.
Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.
380 ден
Моментално недостапна
Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака…
Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…
Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.
Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри.
Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.
Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.
ISBN: 978-608-4672-42-5
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 360
Мелани – :
Преубава, се чита во еден здив и вистински ја опишува првата љубов, дефинитивно една од моите омилени.
Слаѓан Бишковски – :
Одлична 🙂
Ивана – :
Прекрасна книга која ќе те доведе до солзи. 4 оцена има од мене затоа што како и останатите книги Ровел крајот го остава малце не задоволителен.