ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ (проучување и толкување на евангелсиот текст)
П Р Е Д Г О В О Р
Денес е зголемен интересот за Богопознанието.
Нашиот човек сака да се запознае со Бога, да Го најде и да знае нешто повеќе за Господа Бога, за Светото евангелие и за верата. Неговиот прв чекор кон тоа, обично е читањето на Светата Библија, односно на Светото евангелие. Притоа наидува на тешкотии поради големите тајни и длабочината на мислите во Светото писмо, па не може да ги разбере и сфати сите Божји пораки што се искажани воА во него пак ни се открива Бог и Спасителот наш Исус Христос со Своите дела и зборови кои се наше раководство кон спасението и вечниот живот. Преку него Бог му зборува на човекот. Евангелието.
Светото евангелие ја развива моралната сила кај човекот и го води кон доброто, па затоа велиме дека разумни луѓе се оние, кои ги слушаат и ги исполнуваат зборовите на Светото евангелие. Тие живеат според Евангелието и затоа имаат спокоен живот, чиста совест и душевен мир.
Денешниот човек е преокупиран со материјалната грижа од овој свет. Луѓето сè почесто постануваат робови на своите барања и желби и постојано трчаат по остварување на своите потреби кои секојдневно се зголемуваат и прераснуваат во страсти и похоти. Така се задоволува материјалната – телесната димензија на човекот, а испустува душата.
Значи, потребна е и значајна и духовната храна за човекот и тоа попотребна од телесната. Затоа Господ Исус Христос рекол: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4,4).
Согледувајќи ја потребата од духовна храна на нашиот народ, како и потребата од толкување на Светото евангелие, се зафатив со обработка и објаснување на текстот од Евангелието според Матеј. Се трудев да ја објаснам и протолкувам длабочината на евангелскиот текст за да биде поразбирливо, поприфатливо и поубедливо она што Го кажал Бог преку Светото евангелие за спасение на луѓето.
Богатството на Евангелието доаѓа до израз само преку егзегезата (толкувањето).
А за да можеме правилно да го разбереме и толкуваме Светото евангелие, треба секогаш на ум да Го имаме Исуса Христа.
Толкувањето на Евангелието не е интелектуална игра, па затоа и ова дело е втемелено врз толкувањата на светите отци и познати православни егзегети.
Трудот претставува резултат на повеќегодишната професорска дејност и работа на оваа област.
Оваа книга овозможува секој човек да ја разбере смислата, значењето и пораката на Светото евангелие, за да може да ја применува во животот. Евангелието треба да го чита и проучува секој што сака да го постигне своето лично спасение и спасението на другите, а особено секој богослов, теолог и проповедник на словото Божјо. Во таа смисла овој труд ќе им помогне и на свештенослужитепите при подготовката на омипии – проповеди од Светото евангелие.
Мојата, пак, срдечна желба е Словото Божјо изложено во овие страници да не остане само во умот, туку да дојде и во срцето на читателите. Тие во оваа книга ќе најдат објаснување за она што ги интересира и „жива вода“ за којашто жеднеат. Ќе најдат храна за својот бесмртен дух и ќе му дадат закрепнување. Ќе напредуваат во своето богоуподобување и во усовршувањето и обожувањето.
Во книгава ќе сретнете и бројки во заграда. Тие означуваат други текстови кои зборуваат во прилог на изложеното, а се наоѓаат на друго, т.н. паралелно место во Светото писмо. Прво е посочена кратенкатата од текстот на книгата – таа е означена со првата бројка и стихот -што е означен со бројката по запирката (на пр. Јован 3,21, означува: Евангелие според Јован 3-та глава, 21-ви стих). Тоа, пак, со кои кратенки се означуваат насловите на книгите од Светата Библија, може секој да ги најде на првите воведни страници од Светото писмо (Библијата), издание на македонски јазик. од насловот на книгата, потоа глава кој
Светото евангелие е море на премудроста. Тоа е неисцрпливо богатство и секое негово проучување значи само мал придонес кон големината на Божјите зборови. Така го разбирам и овој мој труд и се молам на Господа Исуса Христа и на свети Климента, Охридскиот Чудотворец, ова дело да послужи душеспасително за мнозина.
Господи, благослови, умножи, помилуј и спаси!
1,300 ден
Моментално недостапна
Уште нема коментари за овој производ.