• img-book

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАКО (проучување и толкување на евангелскиот текст)

П О Г О В О Р
EPILOGUE

Книгата Евангелие според Марко – проучување и толкување на евангелскиот текст, претставува значајна студија за Светото евангелие. Таа е изградена врз еминентни научни извори од современата библистика, како и светоотечката и православната црковна егзегеза.

Евангелието според Марко е дел од Светата Библија. Понуденава книга претставува разработка на една новозаветна библиска содржина.

Библијата (Светото писмо) е Божји збор искажан со човечки јазик. Во Светото писмо Бог му зборува на народот. Преку содржината на оваа Света книга се запознаваме со Божјото учење, со премудроста Божја и со највозвишените вистини за Бога, за човекот и за светот. Преку неа се откриваат сите вис­тини. Од Библијата се исчитуваат сите тајни на богопознанието, човеко­поз­­нанието и космопознанието, во неговата микро и макро димензија. Се откриваат сите духовни сфери и видици. Во неа се содржани одговорите на сите можни прашања, од сите луѓе, во сите времиња. Ако не го пронајдеш одговорот на некое прашање, тоа не значи дека него го нема, туку значи дека ти лошо си читал и неправилно разбираш!

Библијата како Божји збор го просветува нашиот разум и прет­ста­вува наш сигурен патеводител во животот. Таа е силен духовен инспи­ра­тор. Таа е основа на верата и Закон Божји за животот.

Затоа, приодот кон Светата Библија треба да биде како приод кон Божјиот збор и Премудрост, и како влез во огромниот простор на Бож­јите тајни. Тешко се продира до вечните Божји вистини. Ако ни се пот­ребни помагала за да се испитува материјалното, тогаш, колку ли повеќе е тоа потребно за да се проникне во духовното? Кон тоа ќе го води чита­те­лот на библиските содржини и ова наше толкување на Светото евангелие според Марко. Евангелието, пак, е сржта на Библијата. Во неговата содр­жина директно Бог му зборува на човекот, преку воплотениот Син Божји, Господ Исус Христос, Кој како Богочовек дојде во светот и живееше меѓу луѓето. Во Светото евангелие е запишано Христовото учење како живо „учење од Бога“ (Јован 7,17). Тоа е збор и живот. Како што вели свети апостол Павле: Тоа е „словото на животот“ (Филип. 2,16) и „словото на вистината“ (Ефес. 1,13; сп. Јак. 1,18).

Доаѓањето до тие бескрајни евангелски вистини и неискажливи Божји тајни е тешко за човечкиот разум. Затоа, читањето на библиските содржини треба да биде заедно со толкување. На тој начин читателот ќе мисли со богомислата на светата Христова Црква. Тогаш тој ќе може пра­вилно да го разбира зборот Божји и тоа онака, како што го разбирале бого­вдахновените свети отци и учители на Црквата. Со таквото напоредно читање на Светото писмо заедно со толкување, правилно се работи на нашето духовно изградување, се просве­тува умот и се облагодатува срцето. Необи­дувај се да го разбереш Светото евангелие како што тебе ти се допаѓа или како што тебе ти одговара! Таквото Свето писмо не е збор Божји, туку човечки – твој збор или уште полошо – ѓаволски. Светото евангелие не е твоја вистина. Се обидеш ли да ја направиш поинаква, отколку Божја, тогаш веднаш ѓаволот ти ја подметнува неговата лага како вистина.

Оттаму е и неопходноста од егзегетска литература за нашиот чита­тел на Евангелието. Оттаму е и потребноста од едно вакво издание на библиско-богословската мисла кај нас. Тоа ќе претставува придонес и во теологијата и во верата.

Овој наш прилог кон проучувањето и толкувањето на Еванге­ли­ето според Марко е и наше црковно и национално книжевно богатство. Во многубројното современо македонско книгоиздателство вистинска рет­кост е книга со библиска, евангелска содржина. Очекувана е нејзината содржина заради нејзината душекорисност, духовно богатство и книжевна вредност.

И овој мој труд нека сведочи, пред светската јав­ност, за нашето големо библиско и културно богатство во светската риз­ница на кул­ту­рата и писменоста.

1,300 ден

Моментално недостапна

Додадена
За книгата

“ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАКО (проучување и толкување на евангелскиот текст)”

Уште нема коментари за овој производ.