• img-book

    Крис Картер


ISBN: 978-608-260-131-1

Демнач во ноќта #3

од: Крис Картер
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.

Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.

490 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Крис Картер
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    The best of Картер, не ја пропуштајте! Изопаченост на ниво, врвен трилер и најдобар од сите прочитани годинава. 🙂

  2. :

    5 out of 5

    Врвен крими-трилер, од Картер не може да се очекува помалку –
    одличен како и секогаш! Брутална и вознемирувачка книга за траумите од детството
    која ќе ве воведе длабоко во извртениот свет на еден психопатски ум.