Девојката од хартија
199 ден
Моментално недостапна
-
5 out of 5Раѓањето на огнот од: Сузан Колинс
Наспроти сите напори и желби на Капитол да ја видат мртва, Кетнис е победник на 74-тите Игри на гладните, заедно со Пита, момчето од нејзиниот реон во кое сите веруваат дека таа е лудо заљубена.
Иако по победата таа има сè што би можела да посака – куќа во специјален дел од реонот за победниците на Игрите, повеќе од доволно храна за нејзиното семејство и популарност во целата држава, по посетата од самиот претседател на Панем, Кетнис не може да ужива во сето тоа. На таканаречената “Победничка турнеја“ таа мора да ги убеди жителите на сите реони дека навистина е лудо вљубена во Пита, не оставајќи воопшто простор за сомнеж за да нема катастрофални последици. Таа сфаќа дека нејзиниот потег во Игрите за да го спаси Пита и самата себе си од сигурна смрт доведува до подигнување на востание во одредени реони.
Пред да биде свесна за тоа, Кетнис станува предмет на голем интерес и восхит помеѓу повеќето жители на реоните. Таа е искрата која им дава надеж дека црниот живот кој го знаат би можел да заврши кога сите би биле храбри и би се спротивставиле како што направи таа за време на Игрите. Но, претседателот знае дека единствениот начин за востанието да згасне пред да излезе од границите на нормалното е им покаже на „гладните“ дека дури и најсилните меѓу нив не можат да ја надминат моќта на Капитол…
„Раѓањето на огнот“ претставува мост што ја носи приказната од нејзиниот проблематичен почеток до насилен и драматичен крај. Завршува интересно и го остава читателот во неизвесност и желба да дојде до последниот дел од серијата ВЕДНАШ! Според Џон Грин, критичар на Њујорк Тајмс ова е брилијантно смислена и перфектно темпирана книга. Верувам дека и вие би се согласиле со него кога ќе ја прочитате!
-
4.88 out of 5Алекс од: Пјер Леметр
Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.
Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“ -
4.75 out of 5Фатални желби од: Бруклин Хадсон
Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар. Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.
Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар. Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина.
Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…
За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.
-
Стефани – :
Една од поубавите книги на Мисо,баш е убава и долго се памети.