• img-book

Божествена комедија

Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“. Оваа поема претставува прониклива христијанска визија за амбивалентната природа на човековата судбина, од една страна како краткотрајна, а од друга страна како бесконечна. Божествена комедија исто така може да се чита и како алегорија што ги отсликува општествено-политичките проблеми што ги сведочел и во кои учествувал и самиот Данте. Тој во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на Доброто.

Данте Алигиери (1265 – 1321) е италијански поет и една од најважните фигури во светската литература. Негово најпознато дело е поемата Божествена комедија, што се смета за врвна реализација на класичната книжевност. Покрај поезија, Данте пишува и важни теоретски дела. Во незавршеното дело Гозба ги изнесува своите морално-филозофско-богословски интересирања во тоа време. Во трактатот За монархијата пишува за своите политички сфаќања за поделба меѓу верската и политичката власт. Неговиот литературен првенец од кој се откажува, Нов живот, претставува еден вид автобиографски роман во стихови, посветен на големата љубов Беатриче. Пишува на народен и на латински јазик, но силно го брани правото на народниот јазик во литературата.      

450 ден

2 на залиха

Количина:
За книгата

“Божествена комедија”

Уште нема коментари за овој производ.