• img-book

Category:

Боемите; Пофалби и поплаки

На постхумно објавената и недовршена збирка раскази – Боемите – книжевните критичари ѝ предвидуваа уште поголема слава од доживеаната кај почитувачите на Петревото дело, доколку тој успееше да ја доврши. Тоа се кратки прозни скици, со сите потребни предуслови за допадливост: колоквијален, боемски јазик, здрав хумор, многу досетки, па дури и синестетичност што некому ќе му врати спомени, а некому – ќе му ги создаде. Затоа што, боемлукот е составен дел од неформалното образование.

За стихозбирката Пофалби и поплаки, пак, како што стои во еден критички осврт, „светот во неговата дуалност непосредно се артикулира себеси низ јасниот и убедлив говор што му го зајмува лирскиот субјект; па така, колку и да звучи необично, низ песните говорат јагленари, грнчари, ѕидари, немажени моми и ѕвонари“… Како и целокупното поетско творештво на Петре М. Андреевски така и оваа книшка, пред сите книжевни доблести што ги поседува – првенствено има многу душа.

200 ден

2 на залиха

Количина:
Додадена
За книгата

“Боемите; Пофалби и поплаки”

Уште нема коментари за овој производ.