• img-book

Бело се пере на деведесет

Бело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.

Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.

Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година

350 ден

Моментално недостапна

За книгата

“Бело се пере на деведесет”

Уште нема коментари за овој производ.