-
Колин Хувер
Безнадежно
од: Колин ХуверЛажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на
седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.
450 ден
1 на залиха
Издавач: Арс Ламина
Година на издавање:
Број на страници:
-
4.67 out of 5Еленор и Парк од: Реинбоу Ровел
Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака…
Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…
Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.
Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри.
Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.
Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.
-
4.67 out of 5Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна) од:
Секој живот е приказна која вреди да се раскаже.
Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна.
Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот. Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…
-
5 out of 5Без страв од: Лурлин МекДениел
Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого?
Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата.
Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?
-
4.5 out of 5Живот за живот од: Сара Зар
Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба.
Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот.
Гневна на животот, намуртена, заворена и цинична, иако сите овие звучат како негативни карактеристики, Џил е лик кој ќе ви прирасне за срце и чија болка ќе ја разберете и почувствувате.
Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете. Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете?
Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?
Уште нема коментари за овој производ.