• img-book


ISBN: 0000
Category:

Баба ми ве поздравува и ви се извинува

Шармантен роман за девојче чија баба умира и остава зад себе серија писма, испраќајќи ја малата внука на патување што го оживува светот на бајките измислен од нив двете.

Елса има седум години и е поинаква од своите врснички. Нејзината баба има седумдесет и седум години и е тотално откачена. На пример, има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња. Две различни, а блиски перспективи. Бабата е најдобрата другарка на Елса. Всушност, единствената другарка.

Ноќе Елса се засолнува во приказните на баба си, во чудесната Земја на речиси будните и во кралството Мијама, каде што сите се поинакви и никој не мора да биде нормален. Кога бабата умира, остава куп писма со кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила во животот. Со писмата започнува најголемата авантура на Елса.

Со комична точност и со исцртување сосема нова реалност, Бакман нуди приказна за животот и смртта и за едно од најважните човекови права: правото да се биде различен!

500 ден

2 на залиха

Количина:
За книгата
Детали

ISBN: 0000
Издавач: Антолог
Година на издавање: 2018
Број на страници: 416

“Баба ми ве поздравува и ви се извинува”

Уште нема коментари за овој производ.