• img-book

    СЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #3

    Слободоумната Клои живее за кршење срца и прекршување на правилата. Таа сака да го живее животот на раб на опасност. За разлика од нејзините сестри, Меди и Тара, кои наскоро треба да се мажат, Клои не е подготвена да се скраси и да води тивок, мирен живот во семејното хотелче на плажа. Но нејзината љубов за проблеми – и нејзиниот проблем со љубовта – го привлекуваат вниманието на еден многу строг, многу секси шериф, кој многу би сакал да ја скроти оваа дива девојка.

    Па Клои веќе не може да прави бељи затоа што згодниот шериф постојано ѝ е зад петици. А неговата таинствена насмевка на моменти ја тера да посака да почне да го моли да ѝ стави лисици. За првпат во животот, наместо да бега од законот, Клои мечтае да му се предаде. Може ли оваа бунтовничка да најде начин за примирје со сериозниот и намќорест шериф? Дали нејзината нескротливост ќе дозволи да го најде безбедното прибежиште што го бара во малото гратче Среќно Крајбрежје?

    button-new


    Додадена
    Будалеста, слатка љубов #3 од: Џил Шелвис 390 ден

    Проверете подоцна.

  • img-book

    СЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #2

    Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот.

    Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа.

    Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.

    button-new


    5 out of 5
    Најслаткото нешто #2 од: Џил Шелвис 390 ден

    Проверете подоцна.

  • img-book

    СЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #1

    На целиот живот на Меди Мур му е потребна трансформација…

    За краток период, Меди ги губи момчето (нејзина одлука) и работата (дефинитивно не нејзина одлука). Но наместо да ја лечи тагата со чипс, Меди го напушта Лос Анџелес затоа што добива наследство од нејзината почината слободоумна мајка – речиси пропаднато хотелче на плажа во еден мал град по име Среќно Крајбрежје. Меди знае дека почнувањето од почеток нема да биде лесно, но сепак гледа потенцијал за нов дом и нова кариера – само уште да може да ги убеди своите две полу-сестри да ѝ се приклучат во авантурата. Но нема да биде лесно да се убедат Тара и Клои, бидејќи и на хотелот му треба трансформација.

    Градежникот што Меди го ангажира за реновирањето е висок, темнокос згоден тип, кој има свои мали тајни. А и нејзините сестри имаат тајни и не можат да дочекаат да побегнат од Среќно Крајбрежје. Но Меди не сака веќе да биде слабак и решена е да се бори за спасувањето на хотелот, особено кога сфаќа дека не постои место што повеќе би го сакала за свој дом од Среќно Крајбрежје.

    Ова е првиот дел од нов, секси серијал „Среќно Крајбрежје“, а по него следи приказната на втората сестра, Тара, која е уште позаразна од првата.

    button-new


    5 out of 5
    Слатки мали тајни #1 од: Џил Шелвис 390 ден

    Проверете подоцна.