Showing all 6 results

Подреди:
  • img-book

    Правдата е како вода. Секогаш си го наоѓа патот.

    Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен… Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки… Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета…И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите…
    Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

    „Така се пишуваат криминалистички романи – читателот да го полазат морници, да го чекаат изненадувања на секој чекор“. Vasterviks-Tidningen


    Одмазда од: 500 ден
  • img-book

    Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре…

    Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго. А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини…

    „Овој роман нуди вистински задоволства, три неверојатни пресврти и последни 150 страници што прелетуваат додека да трепнеш.“ УСА тудеј


    Оклопно срце од: 500 ден
  • img-book

    Ноември е, Осло е завеан од првиот снег. По враќањето од работа, Бирта Бекер го пофалува снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но не го направиле тие… Синот сфаќа дека, наместо да гледа кон улицата, снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат право низ прозорецот. Во нив.

    Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо. Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари открива редица вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот на првиот снег… Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони. За среќа, не знае ни што ја чека на патот…

    „Несбе со право важи за најпризнат писател на трилери во Норвешка. Она што ќе го открие Хари Хуле засекогаш ќе го промени вашето мислење за белата добродушна фигура. Снешко е извонреден трилер што ќе ви ја расипе дремката додека надвор вее снег.“ Нешнел паблик радио (САД)


    Снешко од: 500 ден
  • img-book

    Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

    Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

    „Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс


    Спасителот од: 500 ден
  • img-book

    944: Во рововите кај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел Гудесон. Во една виенска болница еден ранет војник се претставува како Даниел. Тој се вљубува во убавата болничарка Хелена.

    1999: Поради неусогласеност на службените информации, Хари Хуле ќе застрела еден припадник на американската тајна служба при посетата на американскиот претседател на Норвешка. За да се забошоти инцидентот, Хуле е префрлен во Полициската служба за безбедност, каде што самоиницијативно се зафаќа со проверка на информации за шверцување на оружје, поврзани со неонацистите. И така, клопчето почнува да се одмотува…

    2000: додека снегот почнува да се топи по улиците на Осло, на сцената стапува еден необичен убиец со уште понеобична намера…

    Живописните сцени на Несбе ви се одвиваат пред очите како на филмско платно. Дејството е динамично, заплетот е доследен и сложен, а ликовите ќе ве воодушеват. Романот ги обединува во себе двата најдобри филмски жанра – воената сага и трилерот. УСА тудеј


    Црвеношијка од: 490 ден
  • img-book

    Преселувајќи се во Хонгконг, Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми, исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што порасна со Хари, е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа, Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата, тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град, што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања, а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство, добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока…
    Во оваа досега најлична истрага, Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.

    „Исклучително… Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли


    Сеништето од: 500 ден